Дојди и слушни го гласот на младите!
Слем- натпревар во рамки на проектот „Креирај-Слемирај!
Ќе аплаудираме, довикнуваме, поттикнуваме слем -изведба!
...Дружбата е загарантирана!
Учесници: Кристина Ставревска Борис Богдановски Валерија Дамчевска Рамиз Ахмедов Устијанка Скрческа Пишмановски Валентина Ѓорѓиевска Павлеска Гоце Мукевски Андреа Наковска Филип Јашаров
Проектот е дел од Бит-фест програмата 2018г. организиран од страна на универзитетската библиотека Св. Климент Охридски“ - Битола
See MoreУчествувајте и направете промена во вашиот град! Пријавете се на nuub.bitola@gmail.com
Успешна промоција на стрипот за деца „Момчето и Волчето“ од авторите Zlatko Divjakovski и Damjan Bozinovski, во издание на издавачката куќа „Восток“.
Несомнено книжевноста за деца е дефицитарна, не само поради тоа што денес на децата тешко може да им се задрже вниманието, туку и поради одговорноста за она што ќе се пренесе понатаму во нивните животи. Авторите, тоа доста креативно го решиле со употреба на уметноста на стрипот, како медиум, кој со своите илустрации и естетика е доста привлечен за децата. Умешноста се согледува и во креирањето на супер-лик, супер-дете на кое што ќе се угледуваат децата и ќе посакаат да ги творат истите доблести како и ликот – херој. Стрип за активирање на супер моќите на пријателството, љубовта и храброста кај секој читател: стар или млад!
Македонска азбука славна! 5-ти мај - денот на усвојување Љ - љубов ;)
КРЕАТИВЕН ПОТТИК 1:
...си беше еднаш еден слон кој имаше желба да лета... Продолжи ја приказната во клубот на АМО АРТЕМ. Разбуди ја твојата имагинација на курсот по Креативно пишување и театар. Уписите се во тек! #креативно #пишување #театар
АМО АРТЕМ во соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола го одбележаа 72-от роденден на Битолската библиотеката и 83 годишнината од раѓањето на ликовниот уметник Борислав Талевски, од Битола.
#WorldTheatreDay
Поезијата е јазикот на сите :)
Вежбите за креативно пишување и драмските игри се забавен начин за развивање на креативно размислување и пишување, за актерски способности, за самодоверба и за учење на различни елементи на драмата, затоа влези во Креативен клуб АМО АРТЕМ.
На светскиот ден на поезијата, уште издвојуваме:
Безимен гроб (Владимир Мартиновски)
...Еден поет, кого сите го познаваме, на гробната плоча не сакал да му стои името и презимето.
А и што ќе му е, кога сите кипариси, олеандри и маслинки наоколу немаат лично име.
Иако гробот му е безимен сите бргу го наоѓаат во мермерната шума.
Таму секогаш ќе сретнеш некој што в рака држи книга со неговото име.
(thanks to Aleksandar Madzarovski)
See More#worldpoetryday
Среќен 21 март - светскиот ден на поезијата! #светскиотденнапоезијата #worldpoetryday 2017
Едукативна работилница за креативно пишување и театар во ОУ „Стив Наумов“- Битола.