Адвокат Стефан Камишевски дава правни совети, и застапува пред сите органи на државна администрација и судови во Република Македонија.
„Во Република Македонија во тек е подготовката на Граѓанскиот законик, што ќе претставува најголемата реформа во граѓанското право во државата, од нејзиното осамостојување до денес. Со изработката на Граѓанскиот законик се очекува целокупната материја од сферата на граѓанското право, вклучувајќи го и наследното право, да биде уредена во еден законски текст на еден сеопфатен и систематски начин, со што ќе се добие нов квалитет во регулирањето на граѓанското право и ќе се надминат правните празнини, недоречености и противречности кои постојат во законите што ја регулираат оваа материја“, нагласуваат Мицковиќ и Ристов.
Секој аспект на нашето општество е под влијание на правниот систем. Почнувајќи од потпишување на договор па сè до возење на сопствениот автомобил. Адвокатите, кои се вклучени во овој правен систем, имаат голема одговорност во одржувањето и почитувањето на строг етички кодекс.
Собранието на РМ во рамки 98-та седница го донесе Предлог-законот за нотаријатот. Новото законско решение предвидува присуство на адвокатите и задолжителен адвокатски печат во постапки кои се од суштинско значење за граѓаните, за идентични трошоци кои се предвидуваат и кои се наплатуваат само за нотарска услуга.
Пролонгираниот рок за поднесување барања за легализација на дивоградби истекува во четврток.
Со последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти се овозможи да се поднесе барање за легализација до 31-ви овој месец до општините каде е изграден објектот. Услов е објектот што е предмет на легализација да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. За новоподнесените барања е определен рок за доставување геодетски елаборати до крајот на наредната година.
За разлика од обична телесна повреда, тешката телесна повреда претставува потежок облик на повреда при што и санкцијата за ова кривично дело е поголема.
Вашите права и обврски кога склучувате договор за закуп на стан.
Издавање на Уверение за платени даноци и придонеси
Парични примања кои не подлежат на извршување
Адвокатската Комора на Република Македонија денеска одржа прес конференција, чија цел беше запознавање на јавноста со придобивките од донесување на новиот Закон за нотаријат, кој е во собраниска процедура, а кој предвидува присуство на адвокати при постапката за оставина, составување на нотарски и изготвување на приватни исправи.