Не се живее вака. Милиони живеат во бункери, ѕиркаат надвор низ нишан од снајперки. Нема живот ако човек мисли дека сите се против него, дека светот е една голема завера. Во светот има и љубов и добрина и чесни луѓе. Ние мислиме само ние сме расселени. Сиот свет е расселен. На сите нешто им недостасува. Сите мислат дека се на крајот од светот. Земјата е тркалезна, каде и да тргнеш, секогаш си на раб. Југот не го сака Север. Исток Запад. Европа не ја сака Америка, Ирска Англиј...а. Прилепчани не се мирисаат со битолчани, во еден град не се поднесуваат две маала, во едно маало две згради, во една зграда закрвени се два влеза, во еден влез два стана, во еден стан две фамилии, во една фамилија двајца луѓе, а и тие двајца се мразат самите себеси. Каде води тоа? Ако е така, тогаш нема спас. А, без спас нема живот. А, без живот нема ништо. Има смрт. Тетовирани души! Г. Стефановски
See MoreАјде по уште еден повик сите. Уште малку ни остана за оваа прекрасна насмевка. Да завртиме уште еднаш за Сара ❤
За Сара, за нејзината насмевка...ДОНИРАЈТЕ <3
Повелете
Недела на семејното право!
Многумина мислат дека семејно насилство може да се врши САМО спрема брачниот другар, што е погрешно. Семејно насилство може да се врши и спрема ПОРАНЕШЕН брачен другар, ВОНБРАЧЕН партнер или лица кои имаат заедничко дете или се наоѓаат во БЛИСКИ ЛИЧНИ односи, без оглед дали сторителот го дели или го делел истото живеалиште со жртвата или не. Семејното насилство може да се врши и спрема РОДИТЕЛИТЕ или ДЕЦАТА или други лица кои живеат во заедничко домаќинство.
Дали задолжителноста на адвокатски печат и потпис ќе има влијание на правото на граѓаните за пристап до суд? Како судовите треба да постапат во ситуација кога е поднесен приговор или жалба кои не содржат адвокатски печат и потпис - да ги отфрлат како нецелосни или да ги сметаат како поднесоци доставени од странка која е неука? Блог на Иван Колевски. #ЈавенИнтересМК
Дела на Светите апостоли - 16:9 ... А ноќта Павле имаше видение: еден Македонец стоеше и го молеше: „Прејди во Македонија и помогни ни!“
Acts 16:9 | ...And a vision appeared to Paul in the night; There stood a man of Macedonia, and prayed him, saying, "Come over into Macedonia, and help us!"
Потребни сме тука!!!
Емоционалната злоупотреба ги има истите, или дури и полоши, последици како и физичката злоупотреба. Во повеќето случаи таа е скриена и насилникот подмолно ја контролира својата жртва
Сакам да ги замолам сите градоначалници во Македонија, советниците кои гласаат, фирмите и компаниите, да се откажат од купувањето подароци за 8ми Март и да ги донираат парите во фондот на жртви од семејно насилство. Мислам дека не постои жена која не се идентификува со нивниот хорор и дека нема да имаат против тоа мало внимание да биде пренасочено кон тие на кои вистински им требаме. Да им помогнеме да застанат на нозе и да зачекорат кон достоинствен живот без модринки и страв! Сите заедно #СтопЗаНасилствоВрзЖените Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство
Во моментов во Македонија има четири шелтер центри за семејно насилство кои треба да праснат во центри за родово базирано насилство.
#sharingiscaring Во саботата една жена е крвнички претепана од нејзиниот партнер, со подливи на глава и на тело, со набиена вилица и моментално оштетен вид на левото око. Не сакам ни да зборувам за нејзината психичка состојба. По долги часови разговори и убедувања дека не е сама на овој свет, и не е виновна за тоа што и се случило, се одлучи да го пријави насилството. ЖЕНИ, не постои насилство што се оправдува!!! Ве охрабрувам да не молчите и да се борите за своите права, како човек, како жена, како мајка!!! Секое премолчено насилство е рамно на одобрување на истото. Нема да бидете единствената жртва, по вас ќе има и други жртви!!!
Во ставот 2 од членот 77, за кој Уставниот суд поведе постапка, се пропишува дека „Писмениот документ што е испратен по пат на препорачана пошта се смета дека е доставен на датумот кога е заверена потврдата за прием.“
„Судот смета дека оспорената одредба не е изведена докрај преку креирање на правно издржана норма, со која нема да остави простор за правна несигурност и можност за губење на правата или неисполнување на обврските. Едноставно заради немање на сознание дека во поштата на конкретен датум за лицето е оставен акт врз основа на кој течат права и обврски, странката може да трпи последици кои би можеле да значат губење на права загарантирани со Уставот...“
Насилството врз жените и семејното насилство се прекинува кога сторителите ќе престанат да вршат насилство - психосоцијален третман на сторители на семејно насислтво во Прв семеен центар на Град Скопјe
100 денари еден повик. Секој според своите можности. Донираме, споделуваме или тагнуваме. Да ги собереме заедно потребните средства за Димитар од Гостивар.
Собрани се само 10% а имаме уште две недели. Можеме нели?
Димитар има само 20 години. Млад дечко кој заслужува подобар живот и на кој сме му потребни. ... Димитар боледува од ретка болест - прогресивна мускулна дистрофија - Бекер, која предизвикува изумирање на мускулните влакна, мускулна слабост и атрофоија, се до комплетна парализа.
За Димитар постои можност за лекување со имплантација на матични клетки. Но тоа лекување е во Пекинг и чини пари. Потребни се најмалку 18.000 долари ( без патни трошоци, исхрана...), а не е ни собрана ни половина од сумата.
Дали ќе успееме за две недели да го собереме потребните средства? Дали Димитар ќе замине на закажаната имплантација на матични клетки во Пекинг од нас зависи!
Нашите 100 денари за Димитар надеж и подобар живот значат.
Ајде пријатели знам дека можеме.
See More