• Delete
  • Edit

About

Гласен Текстилец is located at Sutjeska 59, 2000 Štip. They can be contacted via phone at 078 312 365, visit their website glasentekstilec.wordpress.com for more detailed information.

Граѓани работници во текстилната,кожарската и чевларската индустрија со висока свест,едуцирани,информирани ги уживаат своите права.

Tags : #NonGovernmentalOrganizationNgo, #NonGovernmentalOrganization(ngo)

Location :
Sutjeska 59, 2000 Štip

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Гласен Текстилец

Opening Hours

  • Monday 16:00 - 20:00
  • Tuesday 16:00 - 20:00
  • Wednesday 16:00 - 20:00
  • Thursday 16:00 - 20:00
  • Friday 16:00 - 20:00
  • Saturday -
  • Sunday -

Description

Здружение на граѓани од текстилната, кожарската и чевларската индустрија

Add missing information

Add email
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

16 Reviews

  • Anynomous
    10 January 2020

    Во врска пријавите за исплата на К15 и очекувања конечно да се реши срамната исплата на суми од 100 или 1000 денари преку нов колективен договор за приватниот сектор. Очекувања од институциите да излезат на терен и ги проверат конфекциите кои вечно работат во загуба, а имаат постојан зголемен обем на работа!

    report this review
  • Anynomous
    08 January 2020

    Да потсетиме, работничките кои користеле отсуство поради бременост, имаат право на регрес за годишен одмор. Тоа го знае трудовиот инспекторат, а треба да го знаат и адвокатите при поведување на постапка , дали пред Инспекторатот за труд , дали пред суд.

    report this review
  • Anynomous
    08 January 2020

    Од денеска ги сумираме пријавите во врска исплата на К15. Може да не контактирате за фирми кои воопшто не исплатиле за да ги пуштиме пријавите до надлежни институции. Исто така, сакаме годинава да провериме дали работеле навистина во загуба, па затоа исплатиле помала сума.

    report this review
  • Anynomous
    31 December 2019

    На сите колеги, соработници, партнери, на нашите вработени од текстилна, кожарска и чевларска индустрија поради кои и постоиме, да ви посакаме многу здравје , успех, љубов, благосостојба. Во новата година да успееме во се она што не успеавме во минатата 2019 година. Заеднички да се избориме за достоинство на обичниот граѓанин, работник, почитување дословно на човековите и работничките права!

    Од цел тим на Гласен Текстилец , ви посакуваме СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! ........

    ...

    To all of our colleagues, associates, partners, our employees in the textile, leather and shoe industries that we exist for, we wish you much health, success, love, prosperity. In the new year let's succeed in everything we didn't do in 2019. Together we should fight for the dignity of the ordinary citizen, worker, respect for human and labor rights literally!

    From the team of Glasen Tekstilec, we wish you a HAPPY NEW YEAR!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    31 December 2019

    Последен текст и наше интервју за оваа година. Во новата година, со нови сили и победи за добар Закон за работни односи и колективни договори во корист на работниците и работничките!

    report this review
  • Anynomous
    30 December 2019

    ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ ВИ ПОСАКУВА СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА !

    Во Новата 2020 година, уште повеќе ќе се бориме за остварување и унапредување на работничките и човековите права, заедно ќе бележиме успеси!

    report this review
  • Anynomous
    28 December 2019

    За жал, на синдикалната сцена во нашата земја одамна ништо не се случува, довербата на работниците и работничките во синдикатите одамна е изгубена. ........... Како здружение остануваме на линија со работниците и работничките, заеднички да правиме притисок за подобрување на работничките права, кои со години беа уназадувани со потпис од синдикатите.

    report this review
  • Anynomous
    27 December 2019

    Почитувани,

    Како здружение кое активно работи на подобрување на социјалниот дијалог се со цел, заштита и унапредување на работничките права, мораме да реагираме во однос на денешната изјава од страна на претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати , Благоја Ралповски. Во неговата изјава е наведено дека социјалниот дијалог не функционира и е маска да се претстави дека нешто се случува.

    За жал, на синдикалната сцена во нашата земја одамна ништо не се случува, дов...

    Continue Reading

    report this review
  • Anynomous
    27 December 2019

    Видеото е дел од проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, којшто го реализира здружението Гласен Текстилец.

    Ова видео е изработено со финансиска поддршка од Олоф Палме Центарот и Шведската Влада.

    Ставовите изразени во ова видео му припаѓаат само на Гласен Текстилец и на ниту еден начин не можи да се смета дека тоа се ставови на Олоф Палме Центарот и Шведската Влада.

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2019

    На 24.12.2019 година се одржа едукација на младите пред прв работен однос во СОУ "Љупчо Сантов" од Кочани. Темите опфаќаат базични познавања од права од работен однос, мобинг на работно место и дискриминација. За прв пат е одржана ваква едукација надвор од Штип, а наредниот период продолжуваме во средните училишта во Кочани, Делчево и Македонска Каменица. Едукаторка беше Викторија Кукушев, експерт по трудово право.

    Проектот е имплементиран од здружението Гласен Текстилец, а... поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада.

    Ставовите во склоп на оваа едукација не ги изразуваат ставовите на Олоф Палме Центар и Шведската Влада

    See More

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2019

    На 25.12.2019 година се одржа едукација на младите пред прв работен однос во СОУ "Гошо Викинтиев" од Кочани.

    Младите се запознаа со права од работен однос, мобинг на работно место и дискриминација. Ова е второ средно училиште кое е опфатено од Кочани, а наредниот период продолжуваме во средните училишта во Делчево и Македонска Каменица. Едукаторка беше Викторија Кукушев, експерт по трудово право.

    ...

    Проектот е имплементиран од здружението Гласен Текстилец, а поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада.

    Ставовите во склоп на оваа едукација не ги изразуваат ставовите на Олоф Палме Центар и Шведската Влада

    See More

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2019

    На 23.12.2019 година беше одржана едукација со младите од трета и четврта година пред прв работен однос во СОУ "Димитар Мирасчиев" од Штип. Темите опфаќаат базични познавања од права од работен однос, мобинг на работно место и дискриминација.. Едукаторка беше Викторија Кукушев, експерт по трудово право.

    Проектот е имплементиран од здружението Гласен Текстилец, а поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада.

    Ставовите во склоп на оваа едукација не ги изразуваат ставовите на Олоф Палме Центар и Шведската Влада

    report this review
  • Anynomous
    24 December 2019

    Пресреќни да ве известиме за нова апликација која е токму за вас како вработени, особено во текстилната индустрија! ❤️👏👏👏

    Оваа апликација пред извесно време ја изработија млади програмери , помогната од правници , поради потресните сведоштва на работничките од текстилната индустрија. Од нас како здружение, големо благодариме! Почитувани вработени, ве повикуваме да ја користите апликацијата и редовно да пријавувате повреди на вашите права на работното место .

    ...

    Горјан во постот објаснува што се ви стои на располагање со оваа апликација и за што ќе служи! ❤️

    See More

    report this review
  • Anynomous
    19 December 2019

    "Во Делчево фали само една странска инвестиција за да им го дотера паметот на тамошните газди(со чест на исклучоци), исто како што се случи во Штип. Тогаш еден нема да остане да работи во конфекција за минималец, неплатени додатоци на плата и под мизерни услови."

    report this review
  • Anynomous
    19 December 2019

    На 18.12.2019 година се одржа едукација на младите пред прв работен однос во СОУ "Коста Сушинов" од Радовиш. Темите опфаќаат базични познавања од права од работен однос, мобинг на работно место и дискриминација. За прв пат е одржана ваква едукација надвор од Штип, а наредниот период продолжуваме во средните училишта во Кочани, Делчево и Македонска Каменица.

    Едукаторка беше Викторија Кукушев, експерт по трудово право.

    ...

    Проектот е имплементиран од здружението Гласен Текстилец, а поддржан од Олоф Палме Центар и Шведската Влада.

    Ставовите во склоп на оваа едукација не ги изразуваат ставовите на Олоф Палме Центар и Шведската Влада

    See More

    report this review
  • Anynomous
    19 December 2019

    Ги повикуваме работниците и работничките, сплотете се и сериозно да работиме на синдикално здужување. На синдикат независен од газди, партии, елитисти. Кога би имале синдикат, работнички, реален, нема да ни е потребен ни закон, ни инспекции, апсолутно никој! Ќе ги решаваме сами работите на самото работно место! Моќта на синдикатот е огромна, ниедна институција или организација не може да ја замени! Кога во овие две фирми би имало синдикат, газдата нема да може да го избегне колективниот договор каде ќе се бара платен пат и храна. Каде ќе се бара исплата на сума загарантирана за К15. Годишен одмор кој им следува на вработените. Во спротивно, правото на штрајк е уставно загарантирано, а последиците ќе ги сноси само оној кој сака да ги изигра работничките права. Потребен ни е синдикат, да почнеме да го градиме заедно!

    report this review

Rate & Write Reviews