Спортската сала се протега на површина од 1.300 метри квадратни, има трибини со капацитет од 400 седишта, гардеробери, туш кабини, санитарни јазли најсовремена опрема за спортување, простории за сместување на спортските реквизити и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активности.
Спортската сала, ќе биде од голема корист за учениците, наставниците, спортските клубови и за сите оние кои тука ќе се рекреираат.
Ова е нашата младост, нашата радост, нашата иднина. Нова приказна за нови успеси на нашите деца од Вевчани.
Традиционалните спортски игри 2015 од МАКПЕТРОЛ се одиграа во Спортска сала "Владо Попески" Вевчани.