ОУ Крсте Мисирков е изградено во далечната 1964 година. Училишната зграда е лоцирана на ул.Среќко Пужалка бб и е од монтажен тип. Училиштето ја задоволува својата функционалност за која е наменета надополнета со спортски терени и зелени површини.
Подрачното училиште во с.Брњарци е изградено во 1960година.
Реонот на општинското основно училиште Крсте Мисирков ја опфаќа територијата од улиците Антон Попов левата страна ,Среќко Пужалка, Ј.М/Бригади, Жегљане, Фуштанска, Дурмиторска, Роман Каскалиевиќ,Товарник и улицата Финска од почетокот десната страна а исто така и подрачното училиште во с.Брњарци.
Училиштето располага со 3124 м2 училишен простор и 12000 м2 училишен двор.Наставата во училиштето се изведува на македонски наставен јазик со вкупно 853 ученика распоредени во 34 паралелки и 45 вработени. Наставата се изведува во две смени.
Училиштето организира дневен престој.
Подрачното училиште во с.Брњарци е со површина од 151 м2 и е од тврда градба во добра состојба со 25 ученика во 2 комбинирани паралелки од прво до четврто одд. со 2 вработени. Во село Брњарци наставата се изведува во една смена.
No reviews yet. Be the first to add a review.