Борење слободен стил и борење за жени, самоодбрана, полициска самоодбрана, универзална спортска школа и други спортско рекреативни активности.
Членуваат вработени во Министерството за внатрешни работи, студенти, ученици, деца и други граѓани од Скопје и Републиката.
Позначајни успеси:
2000: Технички организатор на 13-то европско полициско првенство во борење слободен и грчко римски стил.
2002: Технички организатор на турнирот по борење во слободен стил, одржан во рамките на 2-те Балкански олимписки денови
2007: Технички организатор на Балканско полициско првенство во борење слободен и грчко римски стил.
Технички организатор на повеќе државни и изборни првенства, и лига натпревари.
ПОЗНАЧАЈНИ МЕЃУНАРОДНИ СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТИ:
1996: Бронзен медал на Балканско првенство во борење грчко-римски стил,
1998: Бронзен медал на Европско младинско првенство во борење слободен стил.
2000: Два сребрени медали, 13-то европско полициско првенство во борење слободен стил.
2004: Еден бронзен медал, 14-то европско полициско првенство во борење слободен стил.
2007: Еден сребрен и четири бронзени медали во борење слободен стил и три бронзени медал во грчко-римски стил. Балканско полициско првенство.
Летен Камп јуни, 2015. Најпрво да испратиме поздрав и благодарност до сите оние кои помогнаа овој камп да се организира и на крај да заврши подобро од очекуваното. Благодарност до сите родители кои имаа доверба во стручниот штаб и без размислување ги пуштија своите деца на овој камп. Програмата за тренинзите и организација која беше предвидена е целосно исполнета. Зајакнување и ширење на пријателство помеѓу младите е првичната цел која е остварена. Трениравме, пливавме, се боревме, игравме разни игри, разговаравме и што уште не во поминатите 7 дена. Голем поздрав до сите членови на клубот и сите љубители на спортот. Спортски поздрав! :)
Дел од активностите во летниот камп во Дојран!
ДОЈРАН 2015 - КАМП -