• Delete
  • Edit

About

Општина Велес is a city hall, located at Панко Брашнаров 1, 1400 Veles, Macedonia. Visit their website veles.gov.mk for more detailed information.

Ул. Панко Брашнар 1, 1400 Велес
Тел: 043/232-406

Tags : #PublicGovernmentService, #Public&GovernmentService

Location :
Панко Брашнаров 1, 1400 Veles
Contacts :

Added by Jopie, at 16 September 2018

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from Општина Велес

Opening Hours

  • Monday 07:30 - 15:30
  • Tuesday 07:30 - 15:30
  • Wednesday 07:30 - 15:30
  • Thursday 07:30 - 15:30
  • Friday 07:30 - 15:30
  • Saturday -
  • Sunday -

Description

Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е. Во текот на историјата градот често го менувал името од Вила Зора, преку Ќупурли до Велес. Денешното име го добил во VII век со доаѓањето на Словените на Балканот, од словенското ВЕЛЕС што значи в шума (заради густите шуми што го опкружувале).

Во Велес се отворени првото училиште на македонски јазик, првата гимназија, првиот театар, правата библиотека, првиот музеј и првото музичко училиште. Меѓу зачуваните средновековни споменици најпознат е манастирот Св.Димитрија (XIV век), а како архитектонска вредност, најпозната е црквата Св.Пантелејмон (XIX век)

Најголема туристичка атракција во Општината е античкиот град Стоби. Покрај тоа, значајни се локалитетот Бреза и локалитетот Пешти кој изобилува со пештери (со археолошки остатоци од неолитот, ранохристијански пештери).

Во Општина Велес има осум основни и четири средни училишта спортско игралиште, спортска сала, базен, театар, музеј, библиотека, кино-сала, десет цркви и манастири и џамија.
Општината Велес се наоѓа во централниот дел на Република Македонија. До 1996 година општината зафаќаше површина од 1.552 км2 или 6% од територијата на државата.

Со територијалната поделба на Република Македонија од 1996 година , од Општина Велес се издвоени новоформираните општини Богомила, Градско, Чашка и Извор, така што таа зафаќаше територија од 553 км2 , односно 2,1% од територијата на Македонија.

Со новата територијална поделба од 2004 година, картата на Општина Велес повторно се измени и сегашната територија, што ја зафаќа Општина Велес, е со површина од 464,5 км2.

Велес е позициониран на 41. 43' г.ш. и 21. 46' г.д., и на надморска висина од 175 м. Географската поставеност на градот е многу поволна и нуди цела низа позитивни околности.

Се наоѓа во централниот дел на Р.Македонија, во средното течение на реката Вардар, на надморска височина од 150 до 260 метри. Велешката котлина се наоѓа во централниот дел на Р.Македонија. Од сите страни е заградена со ниски ридови, кои ја одвојуваат од Овче Поле на исток и од Хашката Котлина на запад. На запад се ридовите Гроот (675м) и Баир (461м), додека на исток се Св. Илија (565м), Кршла (420м) и Барјаче (448м). На север преку Таорската клисура на реката Вардар е поврзана со Скопската котлина, додека на југ Велешката клисура е поврзана со Тиквеш. Котлината се протега на надморска височина од 165м. Зафаќа површина од 47км2. Во јужниот дел на Велешката Котлина е лоциран градскиот центар Велес.

Add missing information

Add email
Add phone
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

17 Reviews

  • Anynomous
    02 October 2018

    Средба на градоначалникот Коцевски со претставници на Светска банка

    report this review
  • Anynomous
    29 September 2018

    Решение за отпадните води од Горно и Долно Јаболчиште

    report this review
  • Anynomous
    29 September 2018

    Градоначалникот ги презентираше тековните инфраструктурни проекти

    report this review
  • Anynomous
    29 September 2018

    „Мостови на пријателство“- гласеше мотото на овогодинешната прослава на 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците која се одржа во основното училиште Рајко Жинзифов од с. Горно Оризари. Настанот беше со поддршка на Општина Велес и во соработка со Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

    За значењето на овој ден за бошњачката заедница во Македонија и во светот говореа градоначалникот Аце Коцевски, заменик-директорот на Агенцијата за остварување на правата на ...заедниците Џелал Хоџиќ и членот на Советот на Општина Велес Менсур Бачевац.

    „Бошњачката заедница во целина, а особено жителите на Горно Оризари каде според последниот попис живеат 2262 лица не само што е длабоко интегрирана во Општина Велес, таа е Велес- град што со гордост може да се нарече дом на различностите и центар на еднаквоста на сите заедници. Фактот што само годинава во инфраструктурниот развој на Горно Оризари вложивме над 15 милиони денари (околу 244 илјади евра) потврдува колку е важна Бошњачката заедница за нас“- рече Коцевски и го честиташе празникот на сите граѓани од бошњачката заедница.

    Хоџиќ во своето обраќање нагласи дека бошначкиот народ е долго тука и ја чувствува Македонија како своја земја. „Во Македонија сме конструктивен фактор. И ние го чувствуваме истото сонце кое не грее и ја чувствуваме потребата да дадеме свој придонес во развојот на оваа држава. Бошњаците во Македонија индивидуално се успешни луѓе во спортот, музиката, бизнисот, науката и образованието и политиката. Можеби ни недостасува да бидеме поуспешни во колективното преставување“- истакна Хоџиќ.

    „Ние Бошњаците, претставуваме многу важен дел на заедницата во Велес, но и во целокупното македонско општество каде дадовме голем придонес во изградбата на заеднички вредности кои го градат единството, меѓучовечкото разбирање и хармонија“, нагласи Бачевац во своето обраќање.

    На свеченоста беше отворена изложба на 37 фотографии од музејот „Алија Изетбеговиќ“ од Сараево во која темата беше животот и делото на поранешниот претседател на БиХ. Во знак на благодарност, од името на здружението на граѓани „Лилијум Босниакум“ Џелал Хоџиќ на Градоначалникот Коцевски му подари една од фотографиите.

    Прославата беше збогатена со ревијален фудбалски натпревар меѓу учениците од ОУ „Рајко Жинзифов“ и ОУ „Блаже Конески“. За музичко-сценскиот дел се погрижија ученици од училиштето „Рајко Жинзифов“ како и познатите музичари Емир Шкриељ, Теодор Бошков и триото „Муса“. Гостите имаа можност да ги вкусат и традиционалните бошњачки јадења, приготвени од вредните раце на членките на Организација на жени од град Велес.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    28 September 2018

    Есен во Велес со Фестивал на пити и вино - Се враќа хуманитарниот карактер на настанот

    report this review
  • Anynomous
    28 September 2018

    Честитка од градоначалникот Коцевски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

    report this review
  • Anynomous
    28 September 2018

    Прес конференција на Градоначалникот Аце Коцевски - 28.09.2018

    report this review
  • Anynomous
    28 September 2018

    Почитувани граѓани, Ве известуваме дека денеска во 10 ч. Градоначалникот Аце Коцевски ќе одржи прес конференција. Во живо ќе можете да ја проследите на оваа фб страница.

    report this review
  • Anynomous
    28 September 2018

    Најмладите од градинката „Димче Мирчев“ повторно активно се вклучија во Европската недела на спортот. Јуниорите од тенискиот клуб „Борец“ денес во Градскиот парк заедно вежбаа со идните спортисти и успешно им ги пренесоа основните удари во „белиот спорт“.

    Младите кошаркари од двете екипи од ОСУ „Јовче Тесличков“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ денес ги одмерија своите сили на пладневниот кошаркарски натпревар кој се одржа во училишната сала на средното хемиско училиште.

    Со овие два настани заврши Европската недела на спортот која е во организација на Агенцијата за млади и спорт на РМ . Во овие настани активно беше вклучена и Општина Велес.

    report this review
  • Anynomous
    28 September 2018

    ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и вино 2018“

    report this review
  • Anynomous
    26 September 2018

    "Мостови на пријателство" - Меѓународен ден на Бошњаците во Република Македонија

    report this review
  • Anynomous
    26 September 2018

    Безвремената Дениција во срцето на Велес

    report this review
  • Anynomous
    24 September 2018

    Утревечер во библиотеката „Гоце Делчев“, Велес во 19 часот „ЈАС И ЛИН ОТПОСЛЕ“ Промоција на романот од Ана Стојаноска - лауреат на „Рациновото признание“ за 2017 година

    report this review
  • Anynomous
    24 September 2018

    Денес најмладите велешани ги открија тајните на фудбалот. Фудбалерите Тале Трајков и Ѓоре Ѓорѓиевски од фудбалскиот клуб „Борец“ на децата од детската градинка „Димче Мирчев“ им ги објаснија основните карактеристики на фудбалот како спортска игра. Дечињата и вработените во градинката имаа можност и преку практични вежби да се запознаат со основните начини за загревање на спортистите пред натпреварите. Со тоа најмладите ги научија и вежбите за правилно загревање кои се особено... важни за избегнување на евентуалните повреди.

    Во хотелот Гарденија на работилницата за здрава храна, членовите на повеќе спортски клубови од Велес се запознаа со начинот на правилната исхрана и можните придобивки од користењето на органска и природна храна. Повеќекратниот државен првак во пливање, Стефан Стефановски ги запозна присутните со пливањето како спортска дисциплина и практично демонстираше вежби за правилниот начин на пливање.

    Двата настани се во рамките на Европската недела за спорт од 23 до 30 септември 2018 година, која е во организација на Агенцијата за млади и спорт. Велес е една од петнаесетте општини кои активно се вклучија во овој проект. „Биди активен“ гласи мотото на оваа акција која европските земји ја практикуваат уште од 2015 година и која има за цел да го мотивира населението кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    24 September 2018

    ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и вино 2018“

    report this review
  • Anynomous
    24 September 2018

    Работилница за здрав живот и исхрана - 24.09.2018 Локација: хотел Гардениа Почеток: 12:00 ч.

    report this review
  • Anynomous
    23 September 2018

    Работилница за здрав живот и исхрана - 24.09.2018 (понеделник) Локација: хотел Гардениа Почеток: 12:00 ч.

    report this review

Rate & Write Reviews