Подножјето на Шар Планина е идеално за одгледување пчели и производство на висококвалитетен мед поради изобилството на подрачја богати со дабова, букова и костенлива шума, разнолична вегетација на планински растенија, цветна флора, шумски плодови и природни извори.
Медот е со векови наназад познат поради своите хранливи состојки, како и поради неговите антиоксидантски и антибактериски својства.
Медот ја подобрува работата на сите органи, ја поттикнува умствената и физичката активност, го зголемува имунитетот и му дава сила на целиот организам.
За да го зачувате Вашето здравје, Ви препорачуваме најмалку 2 лажици мед во текот на денот!
Домашен мед раколта 2018 за продажба 🐝🍯
Фреш.. Фреш!!! 😍 Багремов мед, раколта 2018 🐝🍯 #fresh #homemade #acacia #honey
Идеално време е од денот за да го подготвите Вашиот омилен чај со #ПрироденДомашенМед од подножјето на Шара и лимон :) Уживајте!
Вредни се нашите пчелки оваа сезона - највкусниот #КостеновМед од денес за продажба! #ПрваКласа Раколта 2015г. - 1кг тегла 350ден. 🍯🐝🐝🐝
Наскоро, тазе мед од нашиот пчелник... 100% Багрем! 🐝🐝🐝
Не се чувствувате добро? Сé што ви е потребно е млеко со куркума! Одличен напиток против вируси и настинки :) Детали во линкот..
Дали сте пробале?
Повторно тазе мед за некоја недела :)
Домашен пилинг со мед и бадеми
Неопходни продукти за приготвување на пилингот се две лажици бадеми, една половина чаша мед и една лажица лимонов сок.
Начин на приготвување:
...Бадемите треба да бидат многу ситно издробени, а тоа можете да го направите со помош на машина за мелење кафе или некој друг кујнски прибор. Додадете го медот и сокот од лимон.
Нанесете ја смесата на лицето и нежно масирајте 3-4 минути. Оставете смесата да отстои 15-20 минути со цел да се апсорбираат хранливите материи во кожата. Потоа се измива лицето со млака вода, но не се брише, се остава да се исуши по природен пат. Дури по 10-15 минути нанесете крем, само ако има потреба.
See MoreДа се потсетиме... :)
Изгледа вкусно, зарем не?
Температурите почнаа да се намалуваат, а веќе од утре се очекува првата нула после долг топол период... Си купивте ли мед за вашиот топол утрински чај?
Повторно - свеж Багремов Мед во продажба!!
Лимонада со мед
Овој пијалок претставува извор на енергија потребна на децата и возрасните особено во топлите летни денови, а се подготвува многу лесно..
Состојки:... 2 литри вода Мед 2-5 лимони 2 лажици свежо нане
Подготовка: Ставете ја водата во тенџере и загрејте ја до точка на вриење. Исцедете сок од лимон и додадете го во водата со мешање. Додадете нане со постојано мешање. Тргнете го тенџерето од оган и почекајте течноста да се олади на околу 40°C, а потоа со мешање додадете мед. Мешајте го медот се додека не се растопи и оставете да се излади.
Овој пијалок се служи изладен во високи чаши и украсен со парче лимон, сецкано нане и неколку коцки мраз. Уживајте во свежината! :)
See MoreНашето пчелно царство 23.06.2013 :)