Официјална фејсбук страна на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци
Бројките зборуваат сами за себе. Со новото раководство на Болницата во Кавадарци имаме:
☑️ 23% зголемување во бројот на прегледи; ☑️ 10% зголемување во бројот на породувања; ☑️ 23% зголемување во бројот на операции на клиниката за гинекологија и акушерство;... ☑️ 24 часовна нега на родилките и грижа за новороденчињата; ☑️ Значително подобрена хигиената и чистотата во болницата; ☑️ Подобрен однос со пациентите; ☑️ Нова опрема и нови апарати во Болницата; ☑️ Ограда околу болницата и реконструирање на влезот со нов болнички портал и болничка чувара; ☑️ Хортикултурно уредување на дворот на болницата со клупи, патеки и тревници.
See MoreНАБАВКА НА НОВ АПАРАТ ВО КАВАДАРЕЧКАТА БОЛНИЦА
Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, во Одделението за хирургија , пуштен е во употреба комплетно нов Апарат за анестезија (од германско потекло).
Набавката на овој нов апарат чини некаде околу 30.000 евра.
...Посебно сме горди што оваа инвестиција е обезбедена со наши средства.
Имено, во изминатиов зимски период, со домакинско работење успеавме на греењето на болницата да заштедиме околу 50 тони нафта во однос на минатата година, па решивме овие средства да ги употребиме за набавка на нов Апарат за анестезија во хируршката сала.
See MoreКомпјутерска томографија и кома центар ќе добие кавадаречката болница како регионален медицински центар во Тиквешијата. Од први јуни дежурни лекари има на секој оддел. Ова се новините кои денеска беа соопштени во кавадаречката болница при посетата на министерот за здравство д-р Венко Филипче.
Моментално се средува дворот на Болницата. Конечно Болницата во Кавадарци ќе добие квалитетен и модерно уреден мини парк. За уредувањето се надеваме ќе имаме подршка и соработка со ЈП Македонски Шуми и со ЗШУЦ Ѓорче Петров.
Болницата во Кавадарци конечно доби нов модерен болнички портал.
За прв пат после 30 години се реновирани главните влезни скали на Болницата.
После 30 години, за прв пат во Болницата во Кавадарци, се реновираа главните тоалети.
Нашата цел е Болницата во Кавадарци да стане една од најопремените, најсредените и најквалитетните болници во Македонија. Граѓаните на Кавадарци и Тиквешијата заслужуваат поквалитетни здравствени услуги.
#БолничкиПортал #НоваОграда
Денес почнавме со монтирање на оградата околу Болницата и поставување на болнички портал.
Посетете не на нашата нова веб страна каде ќе може да ги прочитате најновите вести поврзани со болницата. На страната ќе може да ги најдете и финансиските извештаи од работата на болницата. Нашата цел е да бидеме целосно транспарентни кон граѓаните.