Gorna Zeleznica
Железница е село кое се наоѓа во северниот дел на Општина Кратово, а неговиот атар се допира со територијата на Општина Ранковце. Сместено е во долината на Кратовска Река од нејзината десна страна, со маала раштркани по западната падина на Осогово. Поради тоа што селото е на оддалеченост на околу 3 километри северозападно од Кратово, тоа припаѓа на неговата рурална зона. Железница е ридско и раштркано село од разбиен тип со маала кои се наоѓаат на надморска височина од 640 до... 790 метри. Средната надморска височина изнесува 640 м. Дел од Железница се маалата: Врбица, Бел Камен, Мишинци и др. Низ самото селото минува главниот регионален пат кој го поврзува Кратово со Куманово и Крива Паланка преку Страцин.
Атарот на селото Железница зафаќа простор од 9,1 км², на кои пасиштата заземаат површина од 377,7 ха, на шумите отпаѓаат 347,8 ха, а на обработливото земјиште 198,6 ха. Името на селото се должи на железните рудници распространети во целата област и користени уште од најстарите времиња. Најстарите записи за селото Железница потекнуваат од опширните турски пописни дефтери XVI век кога тоа било царски хас и во него живееле 40 македонски христијански семејства, 22 неженети, 4 вдовици и 2 муслимански чифлици. Вo османлиските даночни регистри на немуслиманското население од Кратовскиот крај во 1618/19 година селото е познато под името Железница кое во тоа време имало само 16 домаќинства.
Во XIX век Железница станува егзархиско село во Кратовска кааза на Османлиската империја. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година Железница има 300 жители. За селото Железница многу краток запис дава и македонскиот револуционер Ѓорче Петров во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, каде запишал дека: Железница се наоѓа ¼ час десно од Железна Порта по која што го добила и своето име.Тоа е сиромашно село со 45 куќи, а повеќето жители му се ратаи (наемни земјоделски работници) кои работат највеќе на градските лозја.Во почетокот на 20 век населението било под владеењето на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар жители Мишев во 1905-та година во Железница имало 240 бугарски егзархисти.
1900 g.-300 жители 1905g.- 240 1961g.-397 1981g-313 1991g-283 1994g-267 2002g-200 ...2018g-....110-150 жител
Тоне Железнички — деец на ВМОРО, воjвода на чета за време на Илинденското востание, со која што оди на помош на војводата Григор Манасиев и се бори со војската во месноста Петроко на планината Плавица. По востанието учествува во каналот за пренос на оружје и материјали од Бугарија за Македонија.
See more