По повод 20та јубилејна изведба на "ДИСФУНКЦИЈА", одлучивме да доделиме по 2 влезници на двајца среќни добитници. Се' што треба да направите е да го тагнете вашиот пријател кој ќе го поведете со себе!
Сабота 27.10.2018 во Интимен театар (Стив Наумов 35) во 20:00 часот. Ве очекуваме!
РЕЖИЈА: ШУТЕВСКИ Димитар АКТЕРИ: ЖЕЖОВСКА Ана ПАВЛОВСКА Симеона ДАМЧЕВСКИ Валентин
...Претставата „Меѓу нас е тивко“ е создадена за гласно да говори. Да говори за суштинските проблеми и темните страни на општеството во времето во кое живееме.
Во модерното општество „ин“ се осудувањата, предрасудите, егоизмот, апатичноста...Живееме во време, во кое младите луѓе не се информирани, лутаат низ безизлезни лавиринти не можејќи да се пронајдат себеси, па стануваат мизантропи и најстрашно од се`, забораваат што значи да се биде човек.
Хаотичното секојдниевие, рапидниот начин на живот, немањето основни шанси за остварување на сопствените идеи и цели, беспарицата и уште голем број негативни фактори доведуваат до стрес, анксиозност и депресија, кои се најчестите болести на младиот човек во модерното општество, кои него го исфрлаат на маргините на дејството.
Претставата „Меѓу нас е тивко“ го критикува и резигинираното повлекување на индивидуата во сопствени ѕидови, истата апелира да му погледнеме на проблемот во очи и да ја третираме депресијата исто како бронхопнеумонијата.
Отфрлен, осуден, изморен, депресивен, човекот кој не се претопува во малограѓанската багра или не може да излезе на крај со хаосот, што настанува како последица на неговите постапки одлучува да емигрира. Заминува и другиот по него. И така додека се освестиме заминуваат сите, масовно.
Капиталната порака која би можела да се извлече од оваа театарска претстава е дека најлесно е да осудуваме нечии постапки и да си дадеме за право да го коментираме начинот на живот на луѓето околу нас. Тешко е да го отвориме срцето и да прифатиме. Да прифатиме дека не сме сите исти, дека сите различни работи не прават среќни и дека различната перспектива на гледање на работите, не е погрешна, едноставно е различна.
- Ана Жежовска
See MoreРЕЖИЈА: ШУТЕВСКИ Димитар АКТЕРИ: ДАМЧЕВСКИ Валентин ИЛОВСКИ Виктор ЖЕЖОВСКА Ана... ПАВЛОВСКА Симеона
Дисфункцијата не е ништо друго освен недостаток на функција. И тоа не е малку. Дисфункцијата е порок, аномалија, неспособност, немоќ, траума, агонија..
МАРЛОЕ е момчето,кому преку ноќ му се појавија остеофити на колковите. Марлое го сака своето тело, тој е вљубен во своите колкови и има само една желба: неговото тело да блеска под блицовите на фотоапаратите... Ќе го спречат ли малограѓанштината, озборувањата и предрасудите и непружената поддршка да си го оствари својот сон?!
ВИЛИЈАМ има дисфункционално семејство, дисфункционални односи со пријателите. Повредуван и омаловажуван си ја носи етикетата на „чудак“. Ама Вилијам носи една голема функција во себе – Тој пее! И кога се се чини тотален хаос, ќе помогне ли музиката, Вилијам да си го најде своето место под сонцето?
ЛИЛИ е гладна. Гладна за семејство и леб. Сама и незаштитена на 20 години, таа мора да преживее. Силната конфорнтација помеѓу нејзиното тело кое бара леб и нејзините мечти за рум штангли, ќе ја доведат до суровото или-или. И таа избира, 88-99-40, Лили станува hotline девојка...
ВИРЏИНИЈА е девојка која навидум ја живее својата бајка. Има свршеник, се подготвува за свадба и сите предвидуваат happy end. Сите се среќни освен неа. Таа мора да ја признае вистината. Вирџинија е стерилна. Ќе успее ли да го издржи притисокот или ќе проговори ставајќи се на коцка? Ќе успее ли Вирџинија да се прифати себеси?
See More