Мокрени е село во Општина Центар Чашка, во околината на градот Велес.Селото Мокрени се наоѓа 47 км југо - западно од Велес. Се наоѓа на околу 600 м надморска височина. Од неодамна, со помош на Владата на РМ и МПЦ, комплетно е асфалтиран патот до манастирот Св. Спас во с. Мокрени.
Жителите на с. Мокрени највеќе се занимаваат со земјоделие, сточарство, берење печурки, чај и сл.
Моментално, с. Мокрени има 15 константни жители, меѓутоа, бројот на луѓе заљубеници во природата, се зголемува во текот на целата година. Во текот на зимата, местото има прилично голем број на снежни денови, па така глетката и пејсажот се феноменални. Во пролетните и летните денови, посетителите може да уживаат во свежиот планински воздух и можност да се избега од градските неподносливи жештини.
Општествени институции
Манастир „Св. Спас"
Црква Св. Никола
Најзначаен настан во с. Мокрени е селската слава Св. Спас, која секоја година е се помасовно посетувана. На неа, како главни личности се кумовите и претставниците на Македонска Православна Црква, но и останатите гости, кои секоја година се во се поголем број (на славата во 2015 година беа забележани околу 170 посетители).
Како резултат на интензивната урбанизација, но во исто време и големата негрижа за селата воопшто, и луѓето - жители од с. Мокрени не биле исклучок од тој процес. Па затоа, некаде кон средината на 60-те години на 20-от век, настапило масовно иселување и преселување на луѓето во околните градови (Велес, Скопје, Прилеп и др.)
Обележани и маркирани планинарските патеки во реонот на Мокрени
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес како координатор на проектот учествува во бележењето и маркирањето и пет патеки во регионот на селото Мокрени и тоа: пристапна патека с. Богомила-Планинарски дом с. Мокрени манастирот „Св.Спас“ с. Мокрени, Планинарски дом с. Мокрени-врв Биса- Планинарски дом с. Мокрени, Теово – Мокрени. Покрај бележењето донесена е и дополнителната опрема која што треба да се постав...и на маркираната патека. Опремата се состои во ... столбови за патокази, информативни табли и мапи со што маркраните патеки ке бидат по безбедни и пристапни за планинарите од Македонија. Споменатата опремата која што е добиена од страна на Агенција за промоција и поддршка на туризмот. Со ова како организација докажавме како треба да се промовираат убавините на Централна Македонија – реонот на Азот.
See MoreМокрени Еден од последните сончеви денови за 2014 година, ЗГ „ВЕЛЕС БАЈКИНГ“-ВЕЛЕС организираше велосипедски настан Велес-Мокрени во должина од 90 км. Впечатоците на крај од денот беа огромни, како од прекрасниот сончев ден, така и од огромната позитивна енергија споделена меѓу учесниците и природата. Уште еднаш Азотот ни покажа дека е едно од најубавите места во Македонија. Стартот на турата беше од Велес, познатата почетна точка на групата – споменикот Панко Брашнар во Вел...ес, во 09:00 часот. Во добро познатата релација до с.Мокрени ги поминавме с.Стари Град, с.Оморани, рибен ресторан Пинк- Оморани, за да некаде во 12:30 часот пристигнеме во манастир Св. Спас во с.Мокрени каде по кажување на мештаните разбравме дека овде свои одаи има поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан. Околината на с.Мокрени и с.Ораов Дол изобилува со дивеч, па одвреме–на време се слушаше по некој истрел од ловџиска пушка. Во 13:00 пристигнавме во с.Мокрени каде бевме гости (ненајавени) во планинарскиот дом, кој сеуште е во сопственост на некогашна Топилница. Дел од поранешните вработени сеуште доаѓаат овде и го одржаваат, а богами и припремаат вкусно гравче со домашна кисела зимска салата. Паузата од 40-на минути ја искористивме за дегустација на вкусното гравче, и по една “домашна“….. На враќање направивме кафе-пауза во рибниот ресторан Пинк, лоциран на самиот пат Велес-Богомила (близу с.Оморани) и топло го препорачуваме на сите кои ќе се најдат во тој регион. Некаде во 16:45 пристигнавме во Велес, со заклучок дека ова беше една од подобрите асфалтни тури кои „Велес Бајкинг“ ги организирал. Се надеваме дека следните тури ќе ги репризираме во многу поголем број.
See MoreВознесение Христово, Мокрени итрополитот Повардарски г. Агатангел благоволи и изврши водосвет и го благослови славскиот колач во храмот посветен на Христовото Вознесение во село Мокрени. Во ова село живеат мал број луѓе, речиси сите се раселени во Велес и во Скопје, па затоа тие традиционално го одбележуваат Христовото Вознесение во првата сабота по празникот.
Зимска авантура 2017 Ниските температури не ги спречуваат изидниците да се забавуваат, напротив тоа претставува само уште поинтересен предизвик кој треба да се надмине за да се доживее уште една интересна авантура! Извидниците од ИПО Галеб, ИО Браќа Миладиновци и ПСИО, овие денови се дел од организираните зимувања кои се случуваат во Извидничкиот Центар Градовци и во Мокрени. Стотина извидници, меѓу кои и водачите се забавуваат во снегот и извидничката атмосфера. Дружење, орг...анизирани едукативни кино вечери, утринска гимнастика на снегот и други различни активности кои се уникатни за секое од зимувањата, а и за секој од извидниците. „Многу забавни работи се случуваат на зимувањето, тимски работиме и се дружиме, најважно од се играме на снегот, организираме борби со снежни топки и се забавуваме!“ – Алек, ИО Браќа Миладиновци Им посакуваме пријатен престој и многу нови искуства на сите извидници кои се на зимувањето. Па, нека овие храбри авантуристи бидат инспирација и мотивација и вие да ги следите и излезете на снегот!
See More