Library

Библиотека Благој Јанков Мучето Струмица

ул.Благој Мучето 26, 2401 Strumica

About

Tags : #Book

Location :
ул.Благој Мучето 26, 2401 Strumica

Opening Hours

  • Monday 07:00 - 19:00
  • Tuesday 07:00 - 19:00
  • Wednesday 07:00 - 19:00
  • Thursday 07:00 - 19:00
  • Friday 07:00 - 19:00
  • Saturday -
  • Sunday -

19 Reviews

  • Anynomous
    11 February 2019

    Приказна што зборува за убиство извршено во Платоново време. На улиците во Атина се појавуваат осакатени тела, а убиставата се последица на необјасниви злосторства што изгледаат потполно нелогично. Херакле Понтор е прочуен разоткривач на енигми, човек што е задолжен да ги реши овие мистерии со помош на еден филозоф од прочуената Платонова академија. Романот е целосна енигма, исполнет со неверојатни привиденија и фантазија каде ништо не е онака како што изгледа, а низ читање наједноставниот факт ќе ве воведе во големата опасност...

    report this review
  • Anynomous
    11 February 2019

    ...Приказна за две семејства чии судбини се испреплетуваат, но и за детското пријателство, сексуалното будење и човечките слабости. Приказна која преку судирот на новото и старото (време) ги истражува човечките судбини и влијанието на историскиот пресврт врз нив. Сè започнува на едни гробишта. Сè се одвива околу две семејства и три деца. Сè се случува во нивниот двор. Еден настан од темел го разнишува нивниот живот. Низ призмата на микрокосмосот на овие две семејства, кои и п...окрај непомирливите противречности на сопствениот светоглед ги поврзува нераскинливото пријателство на децата, на суптилен начин се прикажани клучните моменти на историскиот пресврт. Два света се во конфликт. Стариот, викторијански поглед на свет со своите стриктни морални и општествени норми кои го оттргнуваат средиштето од човекот, и новото, антропоцентрично доба, едвардијанското, кое своето тежиште го става врз човекот. Низ игрите на темното наспрема светлото, нормата наспрема отстапката, кодот наспрема слободата на изборот, Викторија наспрема Едвард, славење на смртта наспрема славење на животот, се раскажува судбината на двете семејства како микрокосмос наспрема макрокосмос на општеството чија огледална проекција се токму тие, единките. Малите проблеми ги иницираат големите или обратно... Светот продолжува натаму...

    See More

    report this review
  • Anynomous
    11 February 2019

    Лондон, 1792 година. Семејството Келавеј се сели од мирнотот дорсетско село во метежот на пренатрупаниот немилосрден град. Доаѓаат прогонети од ужасната загуба, сотрени од ударот што само сосем новиот живот може да го ублажи. Среде градот напнат поради сè покрвавата Француска револуција, се создава необична врска меѓу Џем, најмладиот син на Келавејови, и искусната лондончанка Меги Батерфилд. Нивното пријателсто добива драматичен тек кога ќе се заплеткаат во животот на својот сосед, печатар, поет и револуционер Вилијам Блејк. Тој ги води Џем и Меги низ непредвидливиот бурен премин од невиноста до искуството. Нивното патување ќе го инспирира Блејк да го создаде своето најволшебно дело.

    report this review
  • Anynomous
    11 February 2019

    Девојката со бисерна обетка е убедлив историски роман, но како студија на човековата природа, зачинета со зрела анализа, блеска. Шевалие внесува импресивна мешаница на страст, гнев и забележување во романот што е убав и брутален... Прекрасен роман, таинствен, проникнат со атмосфера... кој ги открива деталите за создавањето на сликите... навистина чудесно доживување.

    report this review
  • Anynomous
    08 February 2019

    Франција, 1980 година. Една декемвриска ноќ, малку време пред Божик, авионот што летал од Истамбул за Париз се урнал на падините на една планина на француско-швајцарската граница и исчезнал во пламен. Како со некое чудо, меѓу остатоците од авионот е најден единствениот преживеан патник од тој лет, тримесечно бебе, девојче. Две семејства, едното богато и моќно, другото сиромашно, се борат за старателство над девојчето, што ќе доведе до истрага долга речиси две децении. И прашање што ги мачи сите: дали тоа девојче е Лиз-Розили Емили? Оваа возбудлива приказна преполна со драматични пресврти ќе ги одведе читателите до неверојатен расплет. Колкава улога има судбината во тој настан? Или некој, уште од самиот почеток, манипулирал со учесниците во оваа драма?

    report this review
  • Anynomous
    08 February 2019

    Што да прави еден писател кога не може да најде инспирација? Живее на висока нога, лета од една на друга ноќна забава, се дружи со познати лица, убави девојки и многу алкохол. Но нешто сепак недостига. Беспоштедно разоткривајќи се во својот дневник, 34-годишниот Оскар Дифрен се обидува да допре до тоа нешто... Романтичен егоист е интимен дневник во кој се испреплетуваат хроники на парискиот модерен живот, патописни белешки, размислувања за љубовта, афоризми што личат на рекламни слогани... Книжевниот двојник на Бегбеде е егоист, подмолен циник и сексуално опседнат – накусо, маж како сите други. Ова е приказна во која тој неумрно трага по возбуда – во ноќните клубови, во светските метрополи, на плажите на познатите одморалишта. Забавен, смешен, контроверзен, роман кој ќе ве насмее, но и ќе ве замисли!

    report this review
  • Anynomous
    08 February 2019

    Потресна приказна за Захр, ќерката на Селма, која останува сирак кога има само три месеци. Ќе расте во неколку семејства во Париз како посвојче, со изгубен идентитет, но со потајно чуство дека еден ден ќе го пронајде своето вистинско семејство и ќе ја почуствува топлината на вистинскиот дом. Кога ќе наполни дваесет и една година, го запознава својот татко, ја доживува долгопосакуваната љубов на семејството, ја открива градината во Бадалпур што ја сакала и ја негувала нејзината мајка и таа градина ќе стане и нејзино парче земја – татковина.

    report this review
  • Anynomous
    08 February 2019

    Сè започнува во чекалницата на еден аеродром. Тој знае дека ќе биде тој. Совршена жртва. Однапред означен виновник. Доволно му е да зборува. И да чека да се стегне јамката. Сè се завршува во чекалницата на еден аеродром. Секако, случајот не постои.

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Книгата „Цената на едно дете“ е една голема дескрипција на страдањата и искористувањата на децата, на нивните судбини, трогателна сторија за илјадниците проститутки во Бангкок. Но, книгата е и голем етички расказ за разбирањето што го имаат Бот и Мари и другите членови на нивниот тим за трагичните судбини и патилата на најмалите проститутки од 8 години, на нивните напори да ги спасат тие страдалници, на помошта што ја добиваат од разни страни – како и на криминалниот дух на н...ивните експлоататори, на уништувачите на детството, здравјето, душата и иднината на тие деца. Тие се тепани и силувани, горени и потресувани. Тие се мразени, бидејќи односот спрема нив не е љубов, туку најмизерна злоба и непријателство, користољубие и мизантропија. Осумдесет отсто од нив носат траги од насилство, една четвртина се заразени со сида. Станува збор за пекол, како точно го нарекоа овие добротвори и храбри автори Бот и Мари.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Соломон е славен јудејски цар, Син на Давид. Убав и весел. Сопственик на раскошен харем од илјада жени и на штали со дванаесет илјади коњи. Човек кој, од сите дарови што му ги понудил Бог, ја избрал мудроста, да знае да го разликува доброто од злото. Праведен судија. Поет што запишал три илјади умни изреки и илјада и пет песни. Смртник што разговара со животните, птиците и духовите. Верник што дрско прекршил две Божји заповеди, па срцето му тргнало по крив пат. Владетел што н...а својот народ му обезбедил мир и ја добил милоста да го изгради ерусалимскиот Храм и засолниште за Ковчегот на заветот. Хирам е генијален мајстор – градител. Аскет издигнат од учењето на египетските свештеници. Свесен е за себе и за значењето на тоа што го знае и што може да го направи. Тој е и мајстор основач на братството на ѕидарите. Поседник на тајните знаења што подготвено ги одбранил со својот живот. Човек чија смрт и денес, како симболична драма, претставува дел од масонската иницијација. Романот Мајсторот Хирам и Царот Соломон е возбудлива приказна за овие двајца луѓе. За нивните различности. И сличности. За нивното чудесно разбирање. За почитта и гордоста. За пријателството кое често личело на судир. За непрекинатото судирање на две волји и две моќи. На две вери. За нивната љубов кон иста жена – богатата, силна и мудра, занесна и загадочна кралица од Саба. За нејзиниот конечен избор. И за трагедијата што ја избегнал само еден од нив тројца.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Да биде кралица на осумнаесет години, да сака да ја обнови својата земја, да биде осудена на прогонство од нејзиниот брат кој се самопрогласи за крал, и да умре разочарана, во очај далеку од својата земја: таква беше судбината на Клеопатра. Судбина којашто таа не сакаше да ја прифати. Но како повторно да ја освои „блескавата Александрија“ во еден Ориент фрлен во оган и крв, преку жестока битка која што ја поведуваат Цезар и Помпеја. Токму тогаш, Клеопатра, таа млада жена со исклучителна култура и убавина од која запира здивот ќе го сретне Цезар, освојувач над освојувачите, заводник со неодолива интелегенција и привлечност. Соединети во една луда љубов, највеличествената на светот, тие се залагаат да му го вратат сјајот на Египет. Неа ја води еден луд, до неразумност луд сон: да го воскресне царството на фараоните.

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Дејствието на ова дело е сместено во доцниот 19-ти век, главно во Париз и Рим: една група лажговци ги користи гласините дека Папата е киднапиран и заменет со измамник како средство да извлечат пари од наивните верници. Следува вистински поход за спас на понтифот којшто привлекува плејада од ликови: простодушниот Амеде Цвеќарски, наивен херој и жртва на бескруполозни манипулации; научникот и слободен мислител Антим Арман-Дибоа, предмет на божемна чудесна преобразба; почитувани...от романсиер Јулиус де Бараљул, кој возбудено си поигрува со поимот на „немотивирана постапка“ како тема на неговото следно дело. Најозогласен од сите е Лафкадио Луки, слободен дух во потрага по авантури, кој токму преку идејата за „немотивирана постапка“ која ја спроведува во дело, се обидува себеси да си ја докаже можноста за апсолутна слобода, надвор од сите морални и етички норми.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Во триесет и втората година од животот, Александар Ривјер открива дека Жана, неговата жена, веќе седум години не е среќна. Очаен поради тоа што не успеале како пар, тој исчезнува. Ги напушта жената и двете деца, убиственото сонце на Нови Хебриди, работата на наставник и една избледена љубов. Две години подоцна, Октав, неговиот брат-близнак, пристигнува на архипелагот. Стаписана, Жана верува дека во него го гледа “подобрениот бис што стварноста никогаш не знае да го даде“. Со вешто преправање, идеалниот Александар ќе ја поведе по патот на оздравувањето. Ќе и помогне да се поправи, постепено да се ослободи од комплексите, од чувството на вина. Ќе ја научи повеќе да се сака себе за да може да сака посилно... Но кој е тој Ривјер што дошол да ја ослободи од неа? Манипулатор од името на љубовта...

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Полковникот Николсон е примерен британски офицер, во заробеништво. Кога неговите јапонски чувари му наредуваат да изгради мост за стратешки напад во југоисточна Азија, кодексот на воена чест на полковникот не му остава друг избор освен да ја послуша наредбата. Додека со своите војници во тешки заробенички услови го гради, британската војска планира да го дигне мостот во воздух... Приказната за подигањето на мостот и прашањето за неговата судбина отвора низа филозофски прашања... за човековата природа и нејзините спротивставени тенденции за создавање и за уништување. Таа е одраз на менталитетот на еден исцрпен и разурнат свет, како последица од стравотните разорувања на Втората светска војна. Под сета груба надворешност, главната порака на овој роман се значењето и одржувањето на цивилизациските вредности, дури и во услови на целосно отсуство на цивилизацијата. Приказната е фикција, но е напишана врз основа на вистински настан.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    07 February 2019

    Во романот Вљубена жена се зборува за една страстна врска никната на тлото на основните животни недоумици. Сериозно и возбудливо, Аник Жеј низ ликот на Фабиена Ерве, ја доведува во недоумица победничката сила на современата жена. Истовремено низ ликот на Жан Фриман ја оспорува победничката сила на современиот и независен маж. Ослободен од патетика и романтичност, авторот одлучно се определил за гола вистина. Пошироко гледано овој роман го покажува местото на жената при крајот на овој век, откривајќи ги егзисетенцијалните, емотивните и духовни дилеми со кои со соочува.

    report this review
  • Anynomous
    17 July 2018

    Нашата институција ‘‘Благој Јанков Мучето‘‘ во соработка со Еу Инфо точка ја организира оваа информативна сесија за програмата Креативна Европа Потпрограми Култура и Медиа

    report this review
  • Anynomous
    21 June 2018

    “Воведување на кариерно водење како нова услуга во библиотеките“

    Врз основа на повикот кој беше отворен за јавните библиотеки од Република Македонија за учество во програмата „Воведување на кариерно водење како нова услуга во библиотеките“ избрани се следните библиотеки: – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје – Национална установа Центар за култура АСНОМ од Гостивар / библиотека... – ОУМБ „Кочо Рацин“ Пехчево – НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид – ГБ „Борка Талески“ Прилеп – НУУБ „СВ. Климент Охридски“ Битола – ЛУБ „Благој Јанков Мучето“ Струмица – ОНБ „Браќа Миладиновци“ Радовиш – НУ- Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ Штип – Библиотека при Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и др. проблеми во развојот „Кочо Рацин“ Битола

    Библиотекари од наведените библиотеки ќе бидат дел од дводневната обука за кариерно водење која ќе се одржи во Струмица на 22 и 23 јуни.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    18 June 2018

    Традиционално отворен караванот на книгата пред ЛУБ "Благој Јанков Мучето" Струмица Во соработка помеѓу ЛУБ"Благој Јанков Мучето" Струмица и издавачки центар Три, од 18 до 23.06.2018 год. љубителите на пишаниот збор можат да го посетат Саемот на книгата на кој се изложени преку 100 наслови. Работното време на саемот ќе биде од 10 до 20 часот.

    report this review
  • Anynomous
    08 June 2018

    К О Н К У Р С

    Се повикуваат сите вљубеници на пишаниот збор од Струмица, Р Македонија да земат учество на наградниот конкурс кој традиционално го распишува Локалната установа библиотека ,,Благој Јанков Мучето” Струмица по повод родениот ден на нашиот трагично починат Претседател и сограѓанин Борис Трајковски на тема:

    ...,,Сите заедно споделуваме една иста судбина наречена Македонија...

    ...

    поетска и прозна литературна творба

    За најдобрите состави во три категории се предвидуваат:

    - една I награда - една II награда - една III награда

    за ученици од основно образование за ученици од средно образование за студенти и возрасни творци

    Конкурсот го објавуваме и ќе трае до 11 јуни 2018 година. Творбите да се достават во Локалната установа библиотеката ,,Благој Јанков Мучето’’Струмица најдоцна до 11 јуни 2018 година. Се известуваат сите учесници на наградниот конкурс, само темите исчукани на машина (компјутер) ќе бидат земени во обзир. За учество на конкурсот, потпишани со шифра, а во друго плико да биде напишано името на учесникот. Потоа ќе биде формирана комисија за евалуација на творбите, а наградените учесниците навреме ќе бидат известени. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 25 јуни 2018 година во Струмица, а за тоа добитниците на наградите ќе бидат известени пред доделувањето на наградите.

    Директор Тања Гошева, библиотекар советник

    Струмица, 18.05.2018

    See More

    report this review

Rate & Write Reviews