Текст на Frosina Zafirovska за важноста на семејните ритуали
Драги наши следбеници / чки - би сакале да ви препорачаме нова FB страница на која ќе можете да следите објави поврзани со Психотерапија, советување, коучинг и тренинзи. Ве очекуваме
Учењето по пат на имитација е основно воспитно средство во периодот на раното детство. Кога родителот ќе рече - Ајде оди да ги средиш играчките, детето не сака, но кога родителот ќе рече - Ајде да го средиме купот со играчки - Јас големите, ти малите, детето веднаш тргнува да му помогне. Затоа, нашата цел не е да има ред, тука да знае детето што е ред. - Бојанин
По повод Светскиот ден на детето, тимот на Семејно катче доделува книга која ќе ви помогне полесно да ги разберете децата. Се што треба да направите е да напишете во коментар зошто сакате да ја имате книгата и да го споделите овој пост на вашиот профил. Наградната игр трае во текот на целиот ден.
Брзо да се извиниш! Кажи му извини! Бакни ја. Ви звучи познато? Тогаш не го правете тоа повеќе!
Дали знаете дека изнудените извинувања прават многу повеќе штета отколку добро. Според Лора Маркам, детски психолог изнуденото извинување е во целосно несогласување со она што децата во тоа време го чувствуваат. Никогаш немојте да го принудувате детето да се извини автоматски, туку почекајте да му помине лутината, бидејќи само тогаш ќе биде подготвено да разговара за искрено извинување. Дури и на возрасните често не им е лесно да кажат ИЗВИНИ, но ако, како родител, секој пат кога ќе се направите нешто (намерно или случајно) покажувате искрено извинување, на вашето дете ќе му дадете најдобра лекција. Така полека ќе научат што значи да се извини, на кого треба да биде наменето извинувањето, како тие се чувствуваат по извинувањето, без разлика дали тие се оние кои велат "Жал ми е", или некој на нив им простува. Вашето однесување ќе ги направи многу полесно да научат да се извинат без никој да ги натера да го сторат тоа.
Денес еден важен родителски совет - Одбирајте ги оние родителски постапки и применувајте ги оние родителски совети што функционираат за Вас и вашето семејство! Секој совет што ќе го слушнете или прочитате без оглед од каде доаѓа потребно е да го прилагодите на вашето семејство. Никој не се грижи за вашите деца повеќе од Вас и никој не ги познава подобро од Вас. Нема едноставен и универзален рецепт кој можат да го применат сите родители и секаде да функционира. Понекогаш ќе згрешите, честопати ќе успевате ама најважно е дека се трудите!
Родителите кои имаат деца во училишна возраст се соочуваат со големи потешкотии како да ги мотивираат да седнат да учат. Потрудете се учењето да биде преку игра - така вниманието на детето ќе биде насочено кон активноста, а учењето ќе биде поорганизирано. Во прилог неколку фотографии кои можат да помогнат да се научи математика и множење преку неколку видови на игри.
Децата од кои не се бара ништо се досадуваат. Но, децата од кои се бара премногу или од кои се бара да прават нешто што не ги интересира, стануваат несреќни и фрустрирани. Потребно е да создадете можности детето да види и да прави нови работи. Колку што поразлични места ќе посети и ќе види, толку повеќе ќе научи за светот. Без оглед каде живеете, одете на прошетки во блиската околина или подалеку со автобус. Посетете зоолошка градина, музеј, библиотека, парк или некое друго интересно место. Ако живеете во град, поминете еден ден на село, ако живеете на село, поминете еден ден во град. Дајте му шанса да игра, пее, бои и да прави сè што може да ја поттикне неговата креативност и да му овозможи да ги изрази своите чувства
Децата учат на многу начини: додека гледаат, слушаат, особено додека „прават“. Затоа, помагајте му и поддржувајте го во играта. На пример, додека склопува сложувалка, покажете му и помогнете му во почетокот додека не стане свесно и способно самото да ги пронаоѓа деловите. Кога ќе видите дека напредува, оставете го само, вашата помош ќе му биде сe помалку потребна.
Родителот треба секое мало дете да го научи на две работи. Прво, дека не се што му е е пријатно е и корисно - дека постојат и штетни пријатности. Второ, дека не се што му е непријатно е истовремено и штетно - дека постојат корисни непријатности. Дисциплината е важна, но важно е и детето да знае дека кога го караме ние не престануваме да го сакаме. И секако треба да бидеме доследни во постапките. Zoran Milivojevic
Само да ве потсетиме - психичката состојба на детето е поважна од неговите оценки
Драги родители, запомнете дека децата можеби не секогаш го помнат она што им го кажувате, но затоа се одлични во имитирање на вашето однесување.
Најскапиот подарок што може да им го дадете на своите деца е квалитетно ВРЕМЕ поминато со нив.
Запомнете дека Вие сте: - книгите кои ги читате, - филмовите кои ги гледате, - музиката која ја слушате, - луѓето со кои се дружите, - разговорите кои ги правите.
Затоа, бирајте мудро како го храните својот мозок.