About

Официјална страница на Народната банка на Република Северна Македонија.

Location :
Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1, 1000 Skopje, Republic of Macedonia

Opening Hours

  • Monday 08:00 - 17:00
  • Tuesday 08:00 - 17:00
  • Wednesday 08:00 - 17:00
  • Thursday 08:00 - 17:00
  • Friday 08:00 - 17:00
  • Saturday -
  • Sunday -

Description

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) е централна и емисиона банка на Македонија.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Согласнo со Законот за Народната банка на Република Македонија, основна цел на Народната банка е постигнување и одржување на ценовната стабилност.

Друга цел на Народната банка, којашто ѝ е подредена на основната цел, е да придонесува кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

Народната банка ја поддржува општата економска политика без да го загрози остварувањето на основната цел и во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција.

За остварувањето на предвидените цели, Народната банка ги врши следниве задачи:

- ја утврдува и ја спроведува монетарната политика;

- учествува во определување на режимот на девизниот курс;

- ја утврдува и ја спроведува политиката на девизниот курс;

- ги чува и управува со девизните резерви;

- ги издава и управува со книжните и кованите пари на Република Македонија;

- ги евидентира и ги следи кредитните операции со странство и го изготвува платниот биланс на Република Македонија;

- прибира и изготвува статистички податоци заради извршувањето на задачите согласно со закон;

- воспоставува, развива, регистрира и врши надзор над сигурноста, стабилноста и над ефикасноста на системите за плаќање, порамнување и клиринг;

- регулира, издава дозволи и врши супервизија на банки, штедилници, друштва за издавање електронски пари и на други финансиски институции на начинот утврден со овој или друг закон;

- врши надзор над примената на прописите со кои се уредува девизното работење, менувачкото работење, вршењето услуги на брз трансфер на пари, системите за спречување на перење пари и заштита на потрошувачите, во согласност со овој или друг закон;

- врши работи на фискален агент на Владата на Република Македонија;

- учествува во меѓународни институции и организации во врска со прашања коишто се во нејзина надлежност;

- организира тргување и порамнување на хартии од вредност на пазарите преку шалтер и

- врши други активности во врска со извршувањето на нејзините задачи во согласност со Законот за Народната банка на Република Македонија и друг закон.

http://www.nbrm.mk/?ItemID=E83C0FDB914B9C45A38F232FAD8DACA4

20 Reviews

  • Anynomous
    28 February 2023

    По намалувањето на каматната стапка во декември минатата година, на оваа седница Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што одлучи да ја задржи каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%.

    На седницата, исто така, се одлучи понудата на благајнички записи, за аукцијата која ќе се одржи на 16 јануари 2019 година, да се задржи на нивото од 25.000 милиони денари.

    Општо земено, и на оваа седница Ко...митетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната база на банките.

    #КОМП #НБРМ

    See More

  • Anynomous
    21 February 2023

    „Очекувам подинамичен исчекор во развојот на иновативноста, дигитализацијата и примената на новите технологии во финансискиот сектор за да може соодветно да се одговори на барањата и на предизвиците на современото живеење. Посакувам нашава економија и натаму да се насочува кон технолошки пософистицирани сектори заради повисоко ниво на трговска интеграција и поголемо вклучување во глобалните текови на производство.

    Се надевам дека 2019 година ќе биде и година на значајни реформски процеси кои ќе придонесат за зајакнување на продуктивноста и на квалитетот на човечкиот капитал, како и на можностите и на способноста за иновирање како битни предуслови за подинамичен и одржлив економски раст.“

    Oд одговорот на гувернерката на #НБРМ на анкетата „Што очекувате во 2019 година“ на Ekonomija i Biznis

  • Anynomous
    16 February 2023

    „По влезот во Европската Унија, многу брзо ќе може еврото да биде официјална валута и во Република Македонија. Земјава ги исполнува основните економски услови за тоа, и за нас, мастришките критериуми нема да бидат поголем предизвик. Воведувањето на единствената валута − еврото, носи бројни предности за секоја економија.“

    Гувернерката на #НБРМ во емисијата Агенда 35 на МТВ 1

  • Anynomous
    15 February 2023

    #EmailSpoofing

  • Anynomous
    14 February 2023

    Новогодишно интервју на гувернерката на #НБРМ за Нова Македонија

  • Anynomous
    23 February 2024

    Почитувани,

    Во име на моите колеги од централната банка и во мое име, со искрени желби за добро здравје и среќа ви ја честитам Новата 2019 година. Посакувам да ни биде година на хармонија, напредок и нови достигнувања.

    Сигурна сум дека и во годината што е пред нас ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем на Република Македонија. И во следните 365 дена ќе ги унапредуваме сите сегменти на централнобанкарското работење во зем...јава, за да може НБРМ и натаму да го дава својот максимален придонес во доближувањето на македонската економија до европското семејство.

    Најсилните желби нека ни станат реалност!

    Среќна Нова 2019 година!

    Срдечно,

    Гувернер Анита Ангеловска-Бежоска

    See More

  • Anynomous
    21 February 2024

    „За оваа 2018 година се оценува умерен раст на домашната економија од 2,3%, а очекуваме дека тој ќе забрза во 2019 година на 3,5%. Ваквите оцени претпоставуваат поволно надворешно окружување и стабилен домашен политички контекст, а главните импулси врз растот, очекуваме да дојдат од активностите на капацитетите со странски капитал ориентирани кон извоз, понатамошниот солиден прилив на нови странски инвестиции, јавните инвестиции во патната инфраструктура чијашто динамика се очекува да забрза во следниот период, како и од растот на расположливиот доход и кредитната поддршка од банките.“

    Гувернерката на #НБРМ во новогодишниот број на Kapital

  • Anynomous
    20 February 2024

    Предновогодишно гостување на гувернерката на #НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во Македонското радио

    Разговор за монетарната политика, банкарскиот систем и за оцените за економијата во 2018 година, како и за проекциите и очекувањата за годината што е пред нас.

  • Anynomous
    08 September 2023

    На седницата, која воедно е и прва на која учествуваше гувернерката на #НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, се дискутираше за повеќе прашања, вклучително и за активностите поврзани со влезот во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и за можностите за воведување на концепт на прибирање на средства од поголем број инвеститори за финансирање на компании (т.н. „crowdfunding“). Притоа беше одбележано дека искуствата во други земји упатуваат кон констатација дека примената на овој начин на финансирање би придонела за поголем и полесен пристап до капитал за малите и средни претпријатија, особено за стартапите.

  • Anynomous
    03 September 2023

    На 10 јули 2018 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на #НБРМ, на која беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика.

    На седницата беше заклучено дека монетарна поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови, при што каматната стапка на благајничките записи се задржа на нивото од 3,00%, а понудата на благајнички записи остана на нивото од 25.000 милиони денари. Истовремено беа потврдени досегашните констатации за здрави економски основи и стабилни очекувања на економските субјекти, видливи преку поволните движења на девизниот пазар и растот на депозитната база на банките.

  • Anynomous
    02 September 2023

    Од интервјуто на гувернерката на #НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска за MИА.mk

  • Anynomous
    02 September 2023

    Прво интервју со д-р Анита Ангеловска-Бежоска по нејзиното стапување на функцијата гувернер на #НБРМ

  • Anynomous
    27 August 2023

    Нов работен материјал во издание на #НБРМ

    „Разгледување на кредитниот канал на трансмисија во Република Македонија: докази според Векторски модел на корекција на грешки“ од Милан Елисковски

    Овој материјал го истражува кредитниот канал на трансмисија на монетарната политика во македонската економија. Во истражувањето е применет економетриски пристап кој вклучува нелинеарна (квадратна) функција во однесувањето на анализираните варијабли, што претставува посебен придонес на мат...еријалот. Главните наоди упатуваат на заклучокот дека банките во Македонија се претпазливи во однос на ризиците. Притоа, сигналите за затегнување на монетарната политика соодветно се одразуваат на банкарското кредитирање, додека сигналите за олабавување на монетарната политика треба да бидат поддржани од поволна структура на билансот на банките и поволно макроекономско окружување за соодветно да се одразат врз банкарското кредитирање.

    See More

  • Anynomous
    26 August 2023

    Најнови макроекономски показатели, јуни 2018 година

    Хронологија на промените во поставеноста на монетарните инструменти на #НБРМ

    Преглед на тековната состојба

  • Anynomous
    25 August 2023

    Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: мај 2018 година

    Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција: четврт квартал 2017 година

    #НБРМ

  • Anynomous
    22 August 2023

    Видео-запис од презентацијата на гувернерката на #НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска одржана на средбата со претставниците на компаниите членки на Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија

  • Anynomous
    19 August 2023

    Во новиот број на Kapital - приказ на 29. сесија на Клубот на истражувачи и презентираните трудови

    #НБРМ

  • Anynomous
    15 August 2023

    Гувернерката на #НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, денес и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми коишто го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво.

  • Anynomous
    14 August 2023

    Монетарни движења во Република Македонија: мај 2018 година

    #НБРМ

  • Anynomous
    12 August 2023

    Гувернерката на #НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија. Годинешново издание на Форумот започна вчера и тематски е посветено на одредувањето на цените и платите во напредните економии – тема којашто во изминатиов период зазема централно место во дебатите за монетарна политика на глобално ниво.

    На Форумот, покрај највисоките претставници на ЕЦБ и гувернерите на централните банки, учествуваат и професори од најреномираните универзитети од Европа и САД и значајни учесници на меѓународните финансиски пазари.