Social biking chalenge!!! 🚴♂️🚴♀️
Среќен Меѓународен ден на младите!!!
Денес во Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа регионален состанок помеѓу младите вклучени во проектот Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог. Состанокот се одржа во рамки на четвртиот Балкански младински форум организиран во Скопје од страна на АЛДА Скопје.
Во Канцеларијата за млади се одржа координативен состанок на партнерските организации во рамки на проектот Europe at School(Европа на училиште) координиран од страна на ЏЕФ Европа, каде што присуствуваа и претставниците на ЏЕФ Македонија
Центарот на заедницата на општина Центар во рамките на проектот “Социјализација на стари лица“ продолжува да го унапредува социјалниот живот на повозрасната категорија на граѓани на општина Центар во областа на дигиталната и информатичката технологија.
По трет пат во општина Центар е организирана работилница за трансфер на меѓу-генерациски знаења и вештини од дигиталните и информатичките технологии со повозрасните граѓани од Општината во просториите на Канцеларијата за Млади... на Општина Центар.
На оваа работилница според потребата на групата, од ИТ инженер беа презентирани и практично применувани основите на работа со компјутери и интернет. Целта на оваа активност е да ги унапредиме знаењата и вештините од дигиталните и информатичките технологии на повозрасната категорија на граѓани со што би се зголемила нивната вклученост и учество во активностите и локално ниво. Проектот е поддржан од Европската Унија преку ИПА фондовите, Австрискиот Црвен крст и Австриската Агенција за развој преку Црвениот крст на Македонија и здружението Хуманост како партнери
See MoreНа 20 март во периодот од 17 до 21 часот во просториите на Канцеларијата за млади се одржа сеанса на групата за поддршка во организација на Асоцијација Мисла а во рамките на нивниот проект „Кампања за информирање на јавноста насочена кон овозможување достоинствен живот и социјална правда,финансиран од програмата Цивика Мобилитас. Групата имаше 14 учесници и неа ја водеше д-р Ангелина Илиевска, Психијатар - психотерапевт.
Во Канцеларија за млади на општина Центар, ЏЕФ Македонија организираше обуки за членство кои имаат за цел развивање и градење на внатрешните капацитети на организација. Овие обуки се дел од програмата на ЏЕФ Македонија за 2018 години која е подржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Во Канцеларијата за млади на општина Центар се одржа работилница за Еуропас и презентации за еТвининг и Еурогајденс организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На истиот присуствуваа наставници од основите училишта во општина Центар како и негувателки и воспитувачки од градинките во општината. При тоа на присутните лица накратко им беше објаснета Еразмус+ Програмата и какви се можности и поволности нуди истата како и можностите од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Во моментот во Канцеларијата за млади на општина Центар се оддржува промоција на публикацијата "My city - intercultural city"
Во Канцеларијата за млади на општина Центар се оддржа годишното Генерално собрание на ЏЕФ Македонија,
Проектот "Making Europe work" има за цел да направи промени преку соединување на млади луѓе од Франција, Германија и Западен Балкан. Младите европски федералисти од Германија, Европската академија Отценхаузен и Младите европски федералисти Македонија во просториите на Канцеларијата за Млади на општина Центар организираше интерактивна дискусија помеѓу млади лица кои се заинтересирани за Европа и за европската со панелистите од граѓанското општество, ЕУ и тинк тенковите.
Во просториите на Канцеларија за млади при Општина Центар се одржа обуката за нови предавачи по Учиме право во рамки на Младински образовен форум. На оваа обука учествуваа 24 учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Гевгелија, Богданци, Неготино, Дојран, Битола, Прилеп и Велес.
Во организација на Женскиот центар АСТАРТА, се одржа работилницата на тема „Физиологија на породувањеање и можни интервенции“. Ова беше четвртата работилница од циклусот на бесплатни работилници наменети за бремените жени и нивните партнери. На работилницата говореше д-р. Ана Марија Шпишиќ-Пушевска, специјалист гинеколог- акушер, од болницата по гинекологија и акушерство Мајка Тереза – Чаир. Работилницата ја... водеше Даница Ивановска Лепојевиќ, психолог, советничка за доење, дула и наставник по пренатална јога, основачка на Женскиот центар АСТАРТА. Ова е четвртата од циклусот на бесплатни работилници кои до крајот на оваа година ќе се случат како резултат на соработката на Женскиот центар АСТАРТА и Општина Центар.
See MoreИнститутот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, од Скопје, на 22 ноември 2017 година, во Канцеларијата за млади на општина Центар организираше отворен час на Школата за објективизам: Кој е Џон Галт? Предавач беше професорот Грегори Салмиери од САД, кој говореше за различни теми, со фокус на објективизмот и творештвото и размислувањата на руско-американската писателка Ејн Ренд. На предавањето се поттикнаа интересни дебати и дискусии и се отворија интересни прашања каде секој можеше да го искаже своето мислење.
Во канцеларијата за млади на општина Центар се оддржа дискусија на тема „Информирани и вклучени млади“, како дел од активностите на проектот „Младинското информирање како основа за младинско учество“, кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА со поддршка од Национална агенција за Европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус +, клучна акција 3 (Структурен дијалог). Дискусијата вклучи учесници од следниот профил: млади (средношколци,... студенти, невработени млади, волонтери и млади кои се вклучени во НВОи и граѓански организации), како и донесувачи на одлуки на локално ниво. Целта на дискусијата е да сe приберат мислењата и ставовите на младите и претставниците на локалните самоуправи во однос на младинското информирање како основа за поголемо младинско учество и потребата од отварање и функционирање на Младински Информативни Центри во секоја општина во Р.Македонија, со што ќе се обезбеди инпут за Националната конференција што ќе се одржи во периодот од 6 – 9 декември 2017 година.
See More