Честит 11 ОКТОМВРИ!
Често се случува клиентите да се интересираат за тоа колкава може да биде максималната маса на приколка која сакаат да ја влечат со своето возило. Од прва: - доколку приколката е од категоријата О1, односно е со вкупна маса до 750 kg и е без инерцијална сопирачка, за ваквата приколка нема никаков проблем да биде прикачена на било кое влечно возило, и - доколку приколката е од категоријата О2 и има инерцијална сопирачка, најголемата маса на приколката може да се открие од плоч...ката со податоци (data plate) од влечното возило (најчесто е под хауба). Подетално со пример од сликите подолу: Од плочката од возилото на сликата се гледа дека збирот на масите на влечното и на влеченото возило (приколката), или податокот (F.3) во Сообраќајната, изнесува 3.675 kg. Ако од оваа маса се извади масата на влечното возило, или 2.075 kg, она што ќе остане е масата на приколката, односно 1.600 kg. Ваквата приколка бидејќи има маса поголема од 750 kg, МОРА да има инерцијална кочница на приклучокот (шепата).
See MoreПрашање: зошто во Сообраќајните дозволи имаме две рубрики (F.1) и (F.2), а тие се содржат ист податок? Одговор: се работи за два различни податока, само кај автомобилите податоците за (F.1) и (F.2) содржат иста вредност. Кај некои возила податокот за Најголема конструктивна вкупна маса на возилото (F.1) е разлилен од податокот за Најголема легална вкупна маса на возилото при регистрација (F.2). Првиот податок покажува со колкава конструктивна вкупна маса возилото излегло од фабрика (за возилото на сликата 41 тон), додека вториот колкава е легалната маса во нашата земја. За камион со 4 оски максималната законски дозволена маса за возилото изнесува 32 тони.
Увоз на Возила за специјална намена. Кои возила НЕ МОРА да задоволуваат ЕУРО 4 при увоз?
Времето се стоплува. Планирате да си вградите фолии за затемнување на стаклата. Обрнете внимание: постои ограничување колку треба најмногу да изнесува затемнувањето на стаклата. Можно е фабрички веќе стаклата да се затемнети до максималната граница. Затоа ќе нема да смеете да вградите фолии на возачкото и совозачкот стакло. Насликата подолу се дадени максимналните вредности колку секое од стаклата смее да биде затемнето.
🌲Технички Преглед Антигона ви посакува Среќна нова година и среќни празници 🌲🚗🚘