Училиштето за англиски јазик Степс Центар (претходно Пикадили) организира исклучиво курсеви по англиски јазик. Основано е во февруари 1992 година.
Во моментов Степс Центар одржува настава за сите детски и тинејџерски нивоа (од I до VII), настава за возрасни, а исто така и подготовка за испитите на Кембриџ: FCE, CAE и CPE. Со полагањето на овие испити слушателите се стекнуваат со доживотно важечка, меѓународно призната диплома.
Од 2005 година „Пикадили“ стана придружен член на МАКС (Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици), а од декември 2007 година и акредитиран член на истата.
Училиштето во своето работење ги комбинира стручноста и професионалниот пристап на наставниот кадар со користењето на оригинални учебници и стручна литература. Во моментов се користат учебници од издавачките куќи Oxford и Macmillan.
Нашиот наставен кадар е специјализиран и стручен со долгогодишно искуство и професионална обука. Во моментов броиме три професори. Професорите со својот ентузијазам, ескпертиза и ведар дух го прават учењето на англискиот јазик лесно и забавно за сите наши ученици.
Училиштето за англиски јазик Степс Центар работи со слушатели од понеделник до четврток. Во петоците се одржуваат одложени часови, а секој последен петок во месецот е резервиран за состаноци на вработените.
Во текот на учебната година училиштето не работи за време на викенди, национални празници и сите други празници кои официјално се прогласени за неработни како и за време на училишните распусти.
Enjoy your weekend!
Question words in German and English.
Useful vocabulary - at the shop.