Ресторанот ПУЛС е сместен на третиот кат од ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА. Ресторанот е од отворен тип каде искусниот тим од ресторанот подготвува различни видови на јадења.
Тимот е специјализиран и за организирање на коктели, а нудиме и кетеринг услуги. Ресторанот обезбедува пријатен амбиент за пациентите, за нивните семејства, но и за надворешни гости.
Во рамките на ресторанот функционира и Конференциска сала која е на располагање и за надворешни лица.
Салата има капацитет од 100 седишта, видео ѕид 4x47”, безжично озвучување, модерно осветлување, техничка поддршка, кетеринг/ресторанска услуга, паркинг простор и обезбедување.
Пиењето чај е убава навика која ни овозможува да се релаксираме, но и која носи многу бенефити за нашето здравје и убавина
Во Zan Mitrev Clinic на 29.09.2018 се одбележа Светскиот Ден на Срцето. Ресторан „Пулс“ се погрижи гостите да се чувствуваат пријатно со свежо подготвена храна и пијалоци во насока со препораките за здрав живот и превенција
Месото од риба и рибиното масло како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење
Вкусно парче кафе – торта
Уште една успешна презентација во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic. Компанијата ALVOGEN пред докторите на клиниката. Настанот беше поддржан од Ресторан ПУЛС.
Зеленчукот на скара претставува одличен оброк, полн со природни мириси и боја. Едноставно, лесно јадење со силни вкусови за секој дел од денот.
Летна манџа - идеално јадење за летните денови – лесно, сочно и вкусно. Може да се служи и топло и ладно, зависи од вкусот.
При приготвувањето оброци треба да се употребуваат т.н. ладно цедени масла, како што се лененото, маслиновото, сончогледовото и масла од соја. Зошто? Бидејќи овие масла се одличен извор на корисни незаситени масни киселини неопходни за организмот.
Лубеницата е најдобриот лек во летните горештини за брзо освежување и гасење на жедта, бидејќи содржи 92% вода. Колку е позрела толку е поголемо нивото на антиоксиданси што ги содржи. Таа е нискокалорично овошје богато со: витамин А, витамин Ц, калиум, магнезиум, фосфор, калциум, селен…
Ресторанот „Пулс“ Ве изненадува со ексклузивни гурмански специјалитети. Погледнете го видео рецептот на шефот Игор Атанасов-Каспер за подготовка на вкусен лосос со овошен сос.
Ресторан „Пулс“ вистинско место за вашиот оброк и освежителен пијалок. На третиот кат од Zan Mitrev Clinic. Повелете.
Во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржуваат обуки на лица коишто добиле работа како спасувачи на базен на крузери (туристички бродови).
Обуките се одвиваат 8 дена и опфаќаат основни техники за безбедност на брод и напредни техники за спасување на давеници.
Ресторан Пулс ви посакува пријатни летни денови.
Утринско освежување со овошна салата
Без разлика на годишното време, овошна салата можете да јадете секогаш. Овошната салата е здрава, полна со минерали и витамини кои се одлични за будење и добар почеток на денот.
Zan Mitrev Clinic во соработка со Здружението на педијатри на Р. Македонија одржa стручен состанок на тема: „Актуелни новини во кардиореспираторна педијатриска нега и третман“. Состанокот беше организиран во аудиториумот по што следеше неформално дружење пропратено со коктел во ресторанот „Пулс“.
Тестенините се едни од најомилените јадења на секоја трпеза. Тие се едни од најздравите,најбрзите и највкусните јадења што можете да ги приготвите а во ресторан „Пулс“ ние ги подготвуваме за вас.
Од компанијата Novo Nordisk Farm во просториите на Zan Mitrev Clinic беа презентирани предностите од употребата на Антидијабетична терапија - кардиоваскуларна безбедност и превенција кај лица со дијабетес тип 2. Во организацијата помогна и ресторан „Пулс“ со пријатен амбиент и коктел.
Сладоледот е едно од омилените освежувања за време на летните денови. Скоро и да не постои некој кој би одолеал на сладолед. Неодоливиот десерт од Zan Mitrev Clinic веднаш ќе ве освои, ваше е само да го одберете вкусот
Во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржa презентација од страна на компанијата Vedrainternational. Предавачи беа стручните соработници и продукт менаџери, м-р фарм. Марија Велкова и м-р фарм Христина Пислевиќ. Предавањето беше на тема „Примена на Терезиеноил во третман на рани“ , „Регулат пробио-прва линија во одбраната на имунитетот “ и „Биолектра Магнезиум-избор при дефицит на магнезиум“. Средбата со стручниот кадар од клиниката по предавањето продолжи во ресторанот „Пулс“ со пригоден коктел и неформално дружење