Првата задруга на потрошувачи во Македонија-
Непрофитни - затоа што не не интересира да заработуваме на сметка на производителите, потрошувачите и здравјето на нас и сите во мрежата. Не веруваме во акумулација на профит
Органска (хемиски нетретирана) храна - затоа што се разболуваме ние, природата, сите живи суштества со хемијата која се користи во конвенционалното производство - "обичната храна" треба да се нарекува храна со хемија, а органската "обична" како што било порано;
Локална - затоа што ако органскиот ориз е увезен од Тајланд преку Холандија има поминато 10.000км и е спакуван во 10 пластики - со еколошкио оттисок од транспортот и логистиката се поништува бенефитот кон природата и човекот што е произведен органски.
Пластика воопшто не користиме, или избегнуваме сем во случаи кога е невозможно. Сите производители од кои набавуваме ги знаеме лично, ги посетуваме постојано, и организираме работни посети на нивните фарми.
Во план се работилници, дружења и размена на знаења во групата - на теми органско, пермакултурно, био динамично одржливо производиство на храна.
Сигурно и вие имате нешто да придонесете за Добра Земја!
Денови на органско гравче во Добра Земја. Автохтони сорти од македонски органски производители. Попустите ќе траат до крај на месецот.
Само сопствено производство некаде каде што нема загадувачи и да сме на чисто.
А ние што правиме?
После денешната посета на стари и нови органски производители, полни ентузијазам дека работите движат во добра насока со органското, се враќаме изморени ама со насмевки на лицата, и не удира веста на фб .... “Тешки метали откриени во домашни и увозни производи“ и некако, цела оваа наша приказна има се повеќе и повеќе смисла.
Има зошто одиме на терен, посетуваме, има зошто поддржуваме производители кои произведуваат само хемиски нетретирана храна (и ги познаваме лично), има з...ошто поддржуваме локално произведена храна и не веруваме во увоз, не ја сакаме и одбегнуваме максимално пластиката (уште еден загадувач плус), користиме јавен транспорт (не правиме дополнително CO2 загадување за набавка на производите), правиме дополнителни анализи за да бидеме сигурни дека почвата и производите го задоволуваат стандардот на Добра Земја.
Доста ни е од отрови од сите страни. Сите имаме во фамилија или знаеме најмалце по еден болен од канцер. Едукација, информација, освестување и реакција ... повеќе од потребно. Имаме право да знаеме што конзумираме. Чиста, нетретирана храна значи превенција и инвестиција во своето здравје. Тоа што ќе го заштедиме сега на храна, ќе го потрошиме подоцна на лекови.
Да не должиме многу, мислиме дека се разбираме. Добра Земја ќе гризе и понатаму (од органското де :) )
Органски поздрав до сите 🥦🥬🍒🍎🍓🥕🌶🌽🍇
See MoreЗнаевте дека имаме органска македонска пченка за пуканки? Сега знаете :) Бујрум во Добра Земја
Кратко соопштение ... утре СРЕДА работиме со скратено работно време од 10 до 16 часот. Четврток и петок сме со редовно работно време од 10 до 20 ч и сабота од 9 до 14 ч.
Благодариме на разбирање
Органски поздрав до сите 🍎🍐🍇🍓🍈🥦🥬
Ако ви фалеше зелено, еве го на рафтови во Добра Земја. Мешана зимска салата од беби гринс, млада блитва и млад спанаќ. Срамежливо ама го има и се радуваме :)
Ве очекуваме <3
Драги приајтели, од 1-10 февруари имате шанса онлајн да го следите самитот на тема Моќта на заедницата - климатските промени и свесноста. Прекрасни говорници на одлични теми. Секој ден се пренесуваат инспиритавните говори на 3 говорници и достапни се само 24 часа после емитувањето. Grab it while it's hot! :)
Размислете следен пат кога ќе посегнете по пластична ќеса или шише!
Драги пријатели, се одјавуваме за оваа година а во наредната да си посакаме многу повеќе љубов кон себе, повеќе грижа кон телото и душата и чисти мисли кои ослободуваат.
Уживајте во празниците а ние се гледаме на 3ти јануари - четврток од 10 до 20 часот и петок од 12 до 20 часот.
Тимот на Добра Земја
Претпразнични попусти, денес и утре! 🥳 Производи на акција: - бадем - јапонско јаболко - марула... - тиква - млад кромид и лук - сок од аронија - сок од калинка
П.с. пристигнаа путерот од лешник и бадем ;)
Од останатата понуда на свежи производи: цвекло, компир, зелка, кељ зелка, киви, јаболки, свежа буковка. Тука сме до 20.00 часот, а утре од 09.00 до 14.00.
Имајте пријатен викенд и ви посакуваме весели празници! 🍾🥗🥘☃️🎉🎊🎈🎁
Тимот на Добра Земја 💚
See More