ОД НАС-УЧЕНИЦИТЕ НА ГОРНАТА 😉Како и секоја година, така и оваа 2018 беше нанижана со бројни успеси за нашата гимназија кои вреди да се споменат и заслужуваат огромна пофалба. Се разбира, тие успеси не би постоеле доколку немавме безрезервна поддршка од директорката Фанија Наумовска, Заменик- директорот Мите Ристов, Психологот Лидија Споа, Педагогот Билјана Искова и Социологот Весна Жоглева и СИТЕ ПРОФЕСОРИ, без чиј напор, труд и многу љубов денес не би биле најдобрите учениц...и, со многубројни награди и признанија на Општинско, Државно и Меѓународно ниво. 🏆🥇Ви благодариме на сите што не правите хумани, успешни и препознатливи каде и да одиме! Новата Година е време на нови почетоци.. нека оваа година биде исполнета со многу здравје, љубов, среќа и магични моменти кои ќе ги паметиме. Од името на целата гимназија ви ја чеситаме новата 2019 година🎄🎁🎈РАСПУСТОТ МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ 🎶❄️🎉
See MoreЧеститки 👏
Ја накитивме гимназиската елка 🎄 ☃️🎈
Браво Мила Ивановска се гордееме со тебе, браво и за останатите ученици :)
🧡__________________ Повлечи линија, стави крај на насилството !!! Наместо да молчиш, ПОМОГНИ. Заедно да го обоиме светот во портокалова боја, како симбол за светла иднина за секоја жена!🧡
Креативна претстава на англиски јазик '' I hate Shakespeare,, изработена од учениците од II-5 клас и професорката по англиски јазик Славица Илиевска.
Како дел од соработката на нашето УЧИЛИШТЕ, СОЕУ. Јане Сандански ,ООЦК Битола и претставниците од Протестанската црква од Штауфенберг ,огранизиран беше семинар во просториите на ООЦК Битола.Присутните разговараа за целите на проектот,идните активности ,подготовките за следната средба во март 2019 год, но и беа презентирани и резултатите од претходните активности на учениците.
Од вчерашниот настан во чест на битолската хероина што го преживеа Холокаустот - Гита Калдерон.
„Коалицијата за медиумска писменост“ на Високата школа за новинарство и односи со јавноста денеска го организираше Медиумскиот ден. Средношколци од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во посета на Тера телевизија.
Во чест на битолската хероина која што го преживеа Холокаустот, Ве покануваме на мултимедијален настан и рецитал во кој ќе учествуваат ученици од Гимназијата '' Јосип Броз-Тито,, Битола и СОЕУ '' Јане Сандански,, Битола. Настанот е поддржан од ООЦК Битола и истиот ќе се одржи на 5.12.2018 година во 16.ч во малата сала на Центарот за Култура. Гергана Гелевска Јовановска Лидија Споа Никола Трајковски
По повод 100-годишнината од Hans Scholl, Helmut Schmidt, Gustav Klimt, Frank Wedekind и Peter Rosegger нашите креативни и талентирани ученици под менторство на Проф. по германски јазик Нина Илиќ настапија со изведба на две песни со придружба на гитари. Текстот, на германски јазик, го напишаа учениците, притоа направија и голем број на фотографии, како и уметнички слики на темата.
Во пресрет на одбележувањето на 1ви декември - World AIDS Day, информирајте се и заштитете се. Бидете поддршка на сите засегнати со ХИВ вирусот! Денес на овој ден, да ја подигнеме свеста за оние кои живеат со вирусот, денес, за решавање на стигмата и предрасудите во врска со ХИВ Сидата #WORLAIDSDAY 🎗️
Доделување на матурски дипломи
Почитувани матуранти, полагањето на интерните испити по предметите : математика, информатика и историја е утре 18.06.2018 во 9 ч. и истото ќе се одвива на третиот спрат во училиштето. Учениците да бидат половина час порано, односно во 8:30 ч.
Распоред за полагање на Државна матура по предметот математика за ден 13.06.2018 год.
Распоред за полагање на Државна матура по предметите : историја, философија, биологија, физика и хемија за ден 11.06.2018 година.
Распоред за полагање на Државна матура по Македонски јазик и литература за ден 09.06.2018 година.
Списоци за полагање на Државна матура (англиски, француски и германски јазик) на ден 02.06.2018 година.
Мултимедијален настан ТРАДИЦИЈА - СОВРЕМЕНОСТ Проект : “Моја инспирација“ 30.05.2018 Мала сала НУ Завод и музеј Битола
...Соработка помеѓу НУ “ Завод и музеј “ Битола и СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито“ Битола
Во рамките на проектот се оформија шест работилници: за везење, цртање, фотографија, музика, драматизација и фолклор. Во работата на работилниците се пријавија 60 ученици, за кои активностите беа вон наставни , слободни активности.
See MoreСаем на средни училишта 2018
Влезот е слободен.