ДПС „Трансверзалец“ е формиран 1998 година со цел да се потикне развојот на планинарските спортови во Скопје и Македонија преку понуда на квалитетни планинарски акции, ориентациони натпревари и планинско велосипедски тури. Целна група на планинарскиот клуб се сите планинари како и екологисти, студенти, ентузијасти и сите оние кои ја почитуваат и сакаат планината.
Основачи на друштвото се видни планинари кои имаат долгогодишно планинарско искуство и кои се иницијатори на повеќе акции од битно планинарско значење во земјата: Првата Западна планинарска Трансверзала Љуботен - Охрид, традиционално искачување на Кораб за 8ми Септември, маратонот Водно – Матка, маратонот Езерски врвови на Шар Планина, планинарско - велосипедскиот маратон Шарски Води.
Прв претседател на друштвото беше Владо Коцаре, а денес е Зоран Костадинов . Друштвото до 2001-ва година управуваше со домот „Јелак“ кој е запален и срушен. Денес друштвото управува со планинарскиот дом „Смрека“ на Попова Шапка. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8_%D0%B4%D0%BE%D0%BC_%E2%80%9E%D0%A1%D0%BC%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%B0%E2%80%9C
Главни годишни акции на друштвото се:
1.Трансверзалата Љуботен - Охрид, почеток на јули месец
2.Маратонот Езерски врвови – почеток на месец септември
3.Планинско-Велосипедска трансверзала „Шарски води“ - последна недела од јуни месец
4.Ориентациони натпревари на Водно на пролет и наесен кога се менува саатот
5.Зимско искачување на Титов Врв - декември месец
6.Трансверзала Кајмакчалан- Кожув, Гевгелија, почеток на месец јули
7.Меморијален марш "Чичко Јосиф Илковски" - Китка во април месец
8. Традиционалното искачување на врвот Љуботен по повод 13 ноември
На 17.11.2018г. ДПС Трансверзалец реализираше акција во која учество земаа 40 планинарии од Македонија, за искачување на Ртањ во Р. Србија а воедно и беше посетен кањонот Вратна во Р. Србија.
Vrv Ljuboten, Shar Planina.11.11.2018
Известување за членовите - Високогорци на ДПС Трансверзалец
Комисијата за високогорство и експедиционизам при ФПСМ, започна со подготовка на календарот за меѓународни планинарски акции/експедиции за 2019 година. За таа цел, потребно е да доставите информации, за меѓународни планинарски акции/експедиции, кои се планираат во 2019 год. и да се пополнат информации во пропишана Апликација од страна на ФПСМ. Клубот е обврзан и да достави ажуриран список на високогорци до ФПСМ.
Ги повикуваме високогорците на Трансверзалец да се пријават најдоцна до 20.11.2018 во ДПС Трансверзалец како навремено би се изготвиле документи за поддршка на акциите/експедициите за 2019 год. од страна на ФПСМ. Уредно пополнетите апликации за планинарските акции/ експедиции ќе бидат доставени до Комисијата за високогорство и експедиционизам при ФПСМ.