* Основна дејност на Шама Шпед е пружање на транспортни и логистички услуги. Команијата е специјализирана за секаков вид на меѓународен, но и внатрешен транспорт.
* Нашите клиенти секогаш добиваат навремени информации околу евентуалните измени во позитивните законски прописи поврзани со транспортот на стоки
* Во исполнување на барањата и потребите на нашите клиенти, логистичката подршка добиена од Шама Шпед секогаш е навремена и точна.
* Нашата цел е навремено подигање на Вашите стоки, по најниски цени со најбрза достава до посакуваната дестинација.
Нов изглед на нашиот веб-сајт. Се надеваме дека ќе Ви се допадне.
Почитувани, Ве известуваме дека од 15-ти Септември е поскапена патарината во Србија за странски возила!!!
Патарината за странските возила кои ќе патуваат низ Србија е поскапена за околу 60 динари, додека домашните возачи ќе возат по стари цени.
...Поскапувањето во просек е за околу пола евро, кое ќе важи за сите категории на странски возила, од мотори, автомобили и автобуси до камиони со две приколки.
See MoreЧестит празник Курбан Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед! Happy Holiday Kurban Bayram to all the Muslims.
Честит празник Рамазан Бајрам на сите припадници на Исламската вероисповед. Bayram Šerif Mubarek Olsun Gezuar Bajramin Eid Mubarak
Нови цени на нафтените деривати!!! Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,35, односно 2,27 отсто.
...Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,749 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 33,785 денари за килограм.
Како причина за намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,75 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,899 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
See MoreЗабрани за движење во летен период во Бугарија !!! За време на летниот период од 1 Јуни до 15 Септември 2018 година на територија на Бугарија, секој петок, сабота и недела, и часовите кога ќе има густ сообраќај, ќе се запира движењето на товарните возила над 12 т. по автопатите и најпрометните патни правци.
Целта е да се зголеми безбедноста, да се зголеми капацитетот на инфраструктурата и да се направи побезбедна за возачите на автомобили.
Нови цени на патарина во Албанија!!!
Сите кои патувате низ Косово и Метохија и низ Албанија, Ве информираме дека Министерството за инфраструктура и енергија на Република Албанија донело одлука за наплата на патарини за користење на автопатот Miljot-Morina , кој ги поврзува Албанија и Косово и Метохија. Почнувајќи од 1 април 2018 година, износот на патарината на оваа релација се движи од 2,5 до 22,5 евра, во зависност од категоријата возила.
Нека светлината на ХРИСТОСОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ Ви ги осветли Вашите срца, а неговата бесконечна љубов го благослови Вашиот живот и Вашите домови. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!