• Delete
  • Edit

About

Бидете креативни и препуштете и се на фантазијата. Зачинете го Вашиот живот со нашите производи...

Tags : #SpecialtyGroceryStore, #AgriculturalCooperative

Location :
Voin Drashkoci 1, 1000 Skopje

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from СИКА - SIKA Spices

Opening Hours

  • Monday 08:00 - 16:00
  • Tuesday 08:00 - 16:00
  • Wednesday 08:00 - 16:00
  • Thursday 08:00 - 16:00
  • Friday 08:00 - 16:00
  • Saturday -
  • Sunday -

Description

Компанијата СИКА ДОО Скопје е присутна повеќе од 20 години на домашниот и странскиот пазар. Друштвото од основање до денес се занимава со производство, преработка на земјоделски производи, како и трговија на големо и мало. Според досегашното работење може да се констатира дека се работи за добра, квалитетна и трајна ориентација во работењето, што обезбедува уште посигурен понатамошен развој.

Нашите производи може да се најдат во сите поголеми магацини и маркети во Република Македонија и на странските пазари во Америка, Австралија, Швајцарија, Канада и др.

Add missing information

Add email
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

19 Reviews

  • Anynomous
    26 February 2019

    Доколку ви треба идеја за денешниот ручек пробајте го овој вкусен рецепт подготвен од Рецептите на Ане 🤤 Полнет компир со кашквал и кулен

    Потребно ви е:

    ...

    1-2 голем компир по лице Кашкавал и кулен Шарена сол на СИКА Благ буковец на СИКА Маслиново масло или путер Кари Презлa Пармезан

    Подготовка:

    Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете ги компирите, измијте ги и со остар нож исечкајте ги на ситни парчиња, но не до крај.

    Посолете и резовите пополнете ги со кашкавал и кулен. Така подготвен компирот распоредете го на мрсна тава за печење.

    Печете половина час, а потоа извадете го компирот и посипете го со зачините, пармезанот или презлата.

    Вратете ги да се допечат уште половина час.

    По желба прелијте ги со сос од слатка павлака и печурки, 5 минути пред да ги послужите. Гответе со љубов!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    25 February 2019

    Посакувате да вкусите колачиња кои се подготвуваат многу брзо, а истовремено имаат и незаменлив вкус? Денеска со Вас споделуваме совршен рецепт за колачиња со путер од кикирики подготвени од @daveskitchenofficial со една супер тајна состојка која ги прави овие колачиња да бидат навистина посебни. Потребни состојки:

    100 гр. путер од кикирики ... 120 гр. омекнат путер на собна температура 100 гр. шеќер во прав 3 лажици мед 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка прашок за печиво 2 кесички ванилин шеќер 150 гр. брашно 2 мали лажички црвен пипер СИКА 1 јајце Во длабок сад ставете го омекнатиот путер и путерот од кикирки. Додадете го медот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Матете со миксер додека сите состојки не се соединат, а потоа додајте го јајцето. Матете со миксер, а во друг сад на страна измешајте ги заедно сувите состојки во еден длабок сад ( брашното, содата, прашокот за печиво и црвениот пипер. Додека матите со миксерот додавајте од садот со сувите состојки додека не оформите смеса за колачиња. Од смесата вадете малку и оформете во облик на топче. Топчињата редете ги во тавче обложено со хартија за печење и со помош на вилушка притиснете ги надоле два пати така што би оформиле и убав изглед на колачињата. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 7-8 минути. Оставете 20-30 минути да се изладат на собна температура. Добар апетит и забавнно готвење! :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    18 February 2019

    Ви треба идеја за БЕЗГЛУТЕНСКИ оброк? Dave's Kitchen има одличен рецепт за пица со тесто од карфиол. Зачинето со вкусни и природни зачини за совршена комбинација на вкусови.

    Потребни состојки:

    ...

    1 средна главица карфиол 1 јајце 1 лажичка буковец СИКА 1 лажичка шарена сол СИКА 2 лажици рендан пармезан 100 гр. Рендан кашкавал Сол и мелен црн пипер доматен сос 200 гр. свежи сечкани печурки 100 гр. Рендан кашкавал 100 гр. шунка шери домати

    Во тенџере на оган сварете го карфиолот, а потоа изблендирајте го во блендер. Додајте го јајцето,пармезанот , ренданиот кашкавал,буковецот, шарената сол, солта и црниот пипер. Смесата нанесете ја во тавче за печење и обликувајте ја во облик на пица ( круг). Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа извадете го тавчето од рерна и нанесете го филот (шунката, печурките, кашкавалот..) и печете уште 10 минути на 180 степени.

    Добар апетит и забавно готвење!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    14 February 2019

    Подгответе супер вкусна чоколадна торта без трошка брашно по рецептот на Dave's Kitchen ! Одлична е за оние кои сакаат едноставни рецепти за подготовка на вкусна торта. Уживајте ја заедно со саканата личност или луѓето кои најмногу ви значат во животот.

    Потребни состојки: 6 лажици путер 6 жолчки ... 6 белки 250 гр. Чоколадо за готвење 2 лажици благ мелен црвен пипер на СИКА 100 гр. шеќер

    Во сад на оган ставете го чоколадото и путерот заедно да се растопат на средна температура. Додадете ги жолчките и добро промешајте. Со миксер изматете ги белките и шеќерот заедно во цврст снег. Изматените белки додадете ги во садот со растопена чоколада, путер и жолчки. И мешајте со шпатула додека смесата не се соедини. Додадете го и црвениот пипер и добро промешајте. Префрлете ја смесата во тавче премачкано со путер. Печете во загреана рерна на 140 степени околу 45-50 минути. Оставете да се излади околу 4 часа на ладно место и сервирајте.

    Добар апетит и забавно готвење!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    05 February 2019

    Подгответе класична фритата со едноставни состојки, кои сигурно ги имате во кујната. Вкусен оброк за целото семејство, за релативно краток период на подготовка.

    Потребни состојки:

    4 компири, варени само 5 минути и исечкани на тенки кругови ... 8 јајца 1 голема главица кромид 1 лажичка буковец СИКА 1 лажичка шарена сол СИКА Сол и мелен црн пипер 3 лажици исечкан магдонос 70 гр. рендан кашкавал

    Во тава на оган загрејте го маслото и пропржете го кромидот кој претходно ситно ќе го исечкате. Во друг сад изматете ги јајцата со жица за матење, додадете ги буковецот, шарената сол, солта и мелениот црн пипер,магдоносот и ренданиот кашкавал. Додадете го компирот исечкан на тенки кругови и промешајте. Додадете го и пропржениот кромид, промешајте и во истата тава додадете масло за јадење и загрејте го во рерна на 200 степени ( околу 2 минути). Во тавата претурете ја целата смеса и печете околу 20 минути на 200 степени. Сервирајте со павлака и свежо исечкан магдонос.

    Добар апетит и забавно готвење! Рецепт: Dave's Kitchen

    See More

    report this review
  • Anynomous
    23 January 2019

    Потребен Ви е брз и лесен оброк за денеска? Сигурен сум дека откако ќе го подготвите, овој рецепт на Dave's Kitchen ќе стане Вашиот фаворит и често ќе го подготвувате.

    Потребни состојки:

    ...

    2 парчиња варено пилешко бело месо 5 лажици кисела павлака 2 лажици мајонез ( или заменете го мајонезот со дополнителни 2 лажици кисела павлака) 1 лажичка буковец СИКА 3 лажички шарена сол СИКА 50 мл. маслиново масло 1 лажичка сенф сол и мелен црн пипер 1 лажичка кари зачин

    Во блендер ставете ги сите состојки и изблендирајте додека не добиете густ намаз од пилешко месо. Сервирајте и уживајте.

    Добар апетит и забавно готвење! :)

    See More

    report this review
  • Anynomous
    12 January 2019

    Овој викенд подгответе одличен ручек за Вас и Вашето семејство. Подгответе компир манџа со говедско месо по рецептот на Dave's Kitchen

    Потребни состојки: 4-5 средни компири , исечкани на мали парчиња 300 гр. говедско месо ... 1 главица кромид , ситно исечкани 1 чешне лук , ситно исечкано 3 моркови, исечкани на мали парчиња 150 гр. грашок 1 лажичка црвен пипер Сика 2 лажички шарена сол Сика 2 лажички буковец Сика 200 мл. доматна салца 1,5 л вода сол и мелен црн пипер по вкус масло за јадење

    Во тенџере на оган загрејте го маслото за јадење и додадете го ситно исечканиот кромид и лук. Запржете го околу 2-3 минути и додадете ги морковите,грашокот и компирите исечкани на мали парчиња. Запржете ги сите состојки околу 3-4 минути и додадете го месото исечкано на коцки, црвениот пипер, шарената сол и буковецот. Додадете ја солта и мелениот црн пипер и промешајте додека сите состојки не се соединат. Додадете го доматното салца и промешајте. Оставете смесата да прокрчка околу 5 минути и додадете ја водата. Промешајте убаво и оставете манџата да се готви околу 40-тина минути на средна температура. Сервирајте во чинија.

    Добар апетит и забавно готвење!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    09 January 2019

    🎁🎉Среќните добитници на пакетчињата со СИКА производи🎉🎁

    1. Marija Mihajlovski 2. Gjoko Maca Trampevski 3. Suzana Ristova... 4. Ivanoska Vesna 5. Dragana Sazdevska 6. Andrej Kuzmanovski 7. Росица Росе Божиновска 8. Ivana Dinkovska 9. Beti Mitevska 10. Росица Росе Божиновска 11. Катерина Ангеловска 12. Beti Dimovska 13. Jovanka Atanasova 14. Elena Petrovska 15. Milena Vila Gievska-Andonovska

    Ве молиме напишете ни ги Вашите информации во порака.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    06 January 2019

    Совршен оброк за Божиќ! Пилешко во вкусни зачини со обарен зеленчук. ✌👨‍🍳😍

    Потребни состојки :

    ...

    2 парчиња пилешки гради маслиново масло 100 мл. млеко 1 лажичка црвен пипер на СИКА 1 лажичка шарена сол на СИКА сол и мелен црн пипер по вкус компир боранија

    Во длабок сад ставете ги парчињата пилешки гради и млекото. Оставете да одстојат и маринираат околу 30 минути. Секое парче пилешки стек превалкајте го во црвен пипер и шарена сол. Нарусете сол и мелен црн пипер. Во тава на загреано масло пржете ги парчињата пилешки гради или полејте ги со малку масло и испечете ги во рерна на 180 степени околу 30-35 минути. Обарете го компирот и боранијата. Сервирајте во чинија и нарусете црвен пипер за јадењето да добие шмек.

    Добар апетит и забавно готвење! Рецепт на: @daveskitchenofficial #храна #инстафуд #instafood

    See More

    report this review
  • Anynomous
    04 January 2019

    Крокети со кашкавал и компири.🎄🤤 Потребни состојки: -1 кг компири -200 гр брашно -100 гр кашкавал... -2 јајца -2 лаж благ буковец на СИКА -сол и бибер -магдонос Подготовка Во длабок сад со солена вода,сварете ги компирите. Откако ќе се сварат,излупете ги и изгмечете ги со вилушка. Кашкавалот изрендајте го на покрупната страна и додадете го во садот со компирите,заедно со брашното и јајцата. Замесете тесто,насолете го и зачинете го.Потоа формирајте крокети со големина по ваша желба. Варете ги во солена вода 20 минути. Сварените крокети ставете ги во тава со загреано масло и пржете додека поруменат. Зачинете со благ буковец на СИКА и магдонос. Гответе со љубов.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    01 January 2019

    СРЕЌНА НОВА ГОДИНА! 🎄 Ви посакуваме година зачинета со многу насмевки, здравје, среќа и љубов. ⭐️

    -СИКА

    report this review
  • Anynomous
    30 December 2018

    Дочекајте ги празниците со овој зачинет домашно подготвен десерт на Dave's Kitchen👨‍🍳 Почуствувајте ја магијата и вкусот на темното чоколадо зачинето со вкусните сушени пиперки на СИКА.🌶 Се подготвува за само 10 минути. Не само што е превкусно, туку и претставува одлична идеја за домашно подготвен подарок за вашите најблиски за празниците. Потребни состојки: ... 250 гр. темно чоколадо со минимум 70% какао делови во него. Прстофат мелено инстант кафе. 1-2 лажички блага сушена пиперка ( измелена во блендер ) на СИКА. 1-2 сушени чили пиперки на СИКА. Во сад на пареа растопете го чоколадото и додајте го инстант кафето. Добро промешајте додека кафето не се растопи. Топеното чоколадото претурете го на хартија за печење и измазнете го со помош на шпатула. Одозгора додека се уште не се зацврстило нарусете од мелената чили пиперка и сушена слатка пиперка. Ставете го чоколадото во замрзнувач на 5-7 минути за да се стегне и искршете го на неколку помали парчиња. Добар апетит и забавно готвење!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    27 December 2018

    СИКА и Dave's Kitchen👨‍🍳🌶 Сигурно се размислувате што вкусно да подготвите како главно јадење за дочекот на Новата година. Мојот одговор е едноставен - свински бут во сос подготвен со буковец и шарена сол од СИКА. Рецепт за кој гостите долго ќе зборуваат , а вие се почесто ќе го подготвувате во Новата година 😉👌👨‍🍳😍🎄⛄🎊🎉

    Потребни состојки:

    ...

    1 кг. Свински бут сол и мелен црн пипер 1 лажица шарена сол СИКА Масло за јадење 1 лажичка сенф

    За сосот: 50 гр. путер 1 лажица брашно 750 мл. млеко 250 гр. кашкавал 1 лажица буковец СИКА 1 лажица шарена сол СИКА сол и мелен црн пипер

    Во сад ставете го парчето месо и премачкајте го со сол и мелен црн пипер. Додајте ја шарената сол и сенфот и добро "измасирајте" го парчето месо. Полејте со масло за готвење и ставете фо месото во тавче обложено со хартија. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 50-60 минути. Во тенџере на оган растопете го путерот и додајте го брашното. Кога смесата ќе се изедначи додајте го млекото и мешајте со жица за матење. Додајте го и кашкавалот и зачините. Тргнете од оган и промешајте. Пресечете го парчето месо на тенки кришки и сервирајте во чинија со сос.

    Добар апетит и забавно готвење!

    See More

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2018

    🎁СИКА ПОДАРУВА!🌶🎁

    Драги пријатели, започнаа празниците а тоа е супер причина за подарување.

    Подаруваме 15 пакетчиња со СИКА производи! 🎁... Се што треба да направите за да бидете дел од подарувањето: ⭐️Лајкнете ја нашата Facebook страна ⭐️Лајкнете ја оваа објава ⭐️Тагнете пријател Можете да тагнете повеќе луѓе се додека се тагнати во различен коментар. За да станете потенцијален добитник мора да ги следите сите правила❗️ •15• добитници ќе бидат избрани на 08.01.2019.

    See More

    report this review
  • Anynomous
    22 December 2018

    Сочни и меки чоколадни „тартуфи“ малку поинакви од стандардниот вкус кој го познавате. 🤤 Се подготвуваат со само 3 состојки, а претставуваат празник за душата и вашите непца. Она што ги прави навистина посебни се присуството на црвениот пипер од СИКА. Подгответе ги и кажете ни како Ви се допаднале.

    Потребни состојки:

    ...

    200 гр. чоколадо за готвење 200 мл. слатка павлака 3 лажички мелен благ црвен пипер СИКА

    Во сад на оган загрејте ја слатката павлака до оној момент пред да започне да врие. Чоколадото искршете го на мали парчиња во друг сад на страна и врз него прелијте ја врелата слатка павлака. Поклопете го садот 1-2 минути за да се растопи полесно чоколадото за готвење и промешајте со помош на лажица или вилушка додека смесата не се соедини. Додајте го и мелениот црвен пипер и добро промешајте. Оставете смесата комплетно да се стегне во ладилник околу 30-40 минути. Со помош на лажица вадете од смесата и брзо оформете топчиња ( имајќи во предвид дека смесата е прилично мека и колку помалку ја работиме со рацете толку посовршени топчиња ќе искочат). Оформените „тартуфи“ извалкајте ги во какао и сервирајте ги во чинија. Нарусете и малку мелена црвена пиперка за комплетна презентација.

    Добар апетит и забавно готвење! :) Рецепт: @daveskitchenofficial

    See More

    report this review
  • Anynomous
    20 December 2018

    Макало со суви печени пиперки 🌶 Состојки 2 главици лук 10 парчиња суви пиперки СИКА 100 мл зејтин... 500 мл вода 1 компир варен 1 лажичка сол Подготовка Во дрвена длабока чинија го ставаме лукот и солта. Толчиме со толчник додека лукчето не го стопиме со солта. Во ваганот го додаваме и варениот компир и продолжуваме со толчењето. Ги додаваме печените суви пиперки, ронејќи ги во смесата. Откако се е додадено во ваганот, ја полеваме жешката вода. Промешуваме. Како крај на оваа посна вечера е зејтинот кој го полеваме врз макалото (зејтинот мора да е зовриен и се полева врел ). Пријатна вечера Рецепт на: @receptitenaane

    See More

    report this review
  • Anynomous
    16 December 2018

    СИКА и Dave's Kitchen 👨‍🍳🌶 Денеска денов е совршен за вкусни фурнаринки. Се подготвуваат многу лесно и имаат прекрасна арома на зачини. Шарената сол и буковецот на СИКА се одлични во оваа комбинација. Загрејте ја рерната, викнете го друштвото на седенка и подгответе ги овие вкусни фурнаринки.

    Потребни состојки:

    ...

    400 гр. брашно 250 мл. вода 1 пакетче сув квасец 2 мали лажички шеќер сол по вкус 50 мл. масло за готвење 2-3 лажички буковец СИКА 3-4 лажички шарена сол СИКА

    Во длабок сад соединете ги брашното, маслото, водата, шеќерот, солта, квасецот и замесете тесто. Додајте по една лажичка од буковецот и шарената сол и месете додека не добиете меко тесто. Оставете тестото да одмори околу 5-10 минути и поделете го на 4 еднакви делови. Секој дел расукајте го во округла форма колку една голема чинија. Премачкајте ја секоја кора со масло за јадење и нарусете го буковецот и шарената сол. Со помош на нож пресечете ленти несечејки ги целосно да се одвојат една од друга. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути.

    Добар апетит и забавно готвење! #сика #sikaspices #spices #recipe #рецепти #инстафуд #daveskitchen

    See More

    report this review
  • Anynomous
    14 December 2018

    Совршена идеја за време на постите, пробајте го овој лесен рецепт за вкусни посни бобмици 🌶😍

    Потребни состојки 250гр посна урда Семки од тиква... Сончоглед Лен Сусам Шарена сол СИКА Лут и благ буковец СИКА

    Подготовка Во длабок сад додадете ја посната урда и 1 лажичка шарена сол СИКА,направете балансирана мешавина од 4 мелени семиња и додадете ги во садот. Промешајте ја смесата и формирајте топчиња по ваша желба.Готовите топчиња валкајте ги во буковец СИКА благ или лут по ваша желба. Одличен прилог за предстојните слави. Гответе со љубов! Рецепт на: @receptitenaane

    See More

    report this review
  • Anynomous
    08 December 2018

    Овој викенд подгответе Македонска класика. Вкусен оброк кој се подготвува за кратко време. Искористете ја македонската црвена сушена пиперка на СИКА за уште поавтентичен вкус.

    Потребни состојки:

    3 страка праз ... 10-тина црвени сушени пиперки СИКА ,малку обарени и исечкани на коцки 2-3 супени чили пиперки СИКА сол и мелен црн пипер по вкус 2 лажички шарена сол СИКА 30 мл. вода масло за јадење

    Во тава на оган загрејте го маслото и додајте го празот да се пропржи. Додајте ја и водата за да омекне празот и гответе 10-тина минути со повремено промешување. Додајте ги исечканите сушени македонски црвени пиперки ( претходно обарени во вода околу 5 минути) и сушените чили пиперки. Промешајте и додајте сол и мелен црн пипер по вкус. Додајте ја и шарената сол и промешајте. Гответе уште 10 минути и сервирајте на парче интегрална тортиља.

    Добар апетит и забавно готвење!

    Рецепт на: Dave's Kitchen 👨‍🍳

    See More

    report this review

Rate & Write Reviews