• Delete
  • Edit
Uncategorized

МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC

Vasil Gjorgov 16, 1000 Skopje

About

МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC is located at Vasil Gjorgov 16, 1000 Skopje. Visit their website www.mcgo.org.mk for more detailed information.

Официјална Фејсбук страна на МЦГО. Official Facebook page of the MCEC.

Tags : #NonGovernmentalOrganizationNgo, #NonGovernmentalOrganization(ngo)

Location :
Vasil Gjorgov 16, 1000 Skopje
Contacts :

Added by Jopie, at 22 May 2018

Mailing List

Enter your email to get updates and special deals from МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / MCEC

Opening Hours

  • Monday 08:30 - 16:30
  • Tuesday 08:30 - 16:30
  • Wednesday 08:30 - 16:30
  • Thursday 08:30 - 16:30
  • Friday 08:30 - 16:30
  • Saturday -
  • Sunday -

Add missing information

Add email
Add phone
Add photos
Add Social Media
Add Products and Services

33 Reviews

  • Anynomous
    08 February 2019

    Sara Kajevikj и Mitko Pishtolov, координатори при МЦГО, зборуваа за младите во образованието на денешната утринска програма на МТВ1 во емисијата Македонија Наутро.

    report this review
  • Anynomous
    05 February 2019

    Ученици од основните училишта од Бутел се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и му врачија писмо со конкретни препораки за разубавување на Градскиот парк во Скопје.

    Младите потенцираа дека со голем ентузијазам би се вклучиле во волонтерски акции за разубавување на паркот, а градоначалникот ја истакна заложбата на општината да ја поддржи нивната иницијатива во претстојниот период.

    Денешната средба беше поддржана од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, во соработка со Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF и е резултат на долгорочното партнерство на проектот со Град Скопје и Општина Бутел - Opstina Butel во процесот на развивање на демократски вештини кај младите.

    report this review
  • Anynomous
    31 December 2018

    Our team wishes you a happy and prosperous New Year! 🎉

    report this review
  • Anynomous
    28 December 2018

    Во рамки на проектот „Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем“ поддржан од Детската фондација Песталоци, започна со своите активности работната група составена од претставници од повеќе министерства и клучните образовни институции.

    Во претстојниот период работната група ќе работи на подобрување на образовните политики, со цел вклучување во образовниот систем на децата што воопшто не биле запишани во основно училиште или предвреме го напуштиле образованието.

    report this review
  • Anynomous
    26 December 2018

    Daniela Adamova, раководител на Секторот за образование во Град Скопје зборува за поддршката на училиштата од општината за подобрување на меѓуетничката интеграција и демократската култура кај учениците 👇

    report this review
  • Anynomous
    22 December 2018

    Дали Вашето дете треба наскоро да избере средно училиште? Ве молиме пополете го прашалникот со кој се обидуваме да истражиме како да им помогнеме на младите да донесат информирана одлука 👇 goo.gl/YKvbwQ

    report this review
  • Anynomous
    15 December 2018

    Нашите колеги и колешки учествуваа на тродневна обука за родови концепти организирана од Детската фондација Песталоци и се стекнаа со вештини за вградување на родовата димензија во проектните активности.

    report this review
  • Anynomous
    15 December 2018

    Наставниците кои досега воделе секции на различен наставен јазик во 20 повеќејазични училишта, како и нивните ученици, ќе имаат можност да работат заедно во една секција со поддршка од Проектот на USAID Macedonia.

    report this review
  • Anynomous
    11 December 2018

    Минатата недела се одржа и последната обука за новиот концепт за граѓанско образование.

    Преку циклус од четири обуки, наставниците по граѓанско образование од основните училишта низ Македонија се стекнаа со вештини за реализирање на наставата по граѓанско образование согласно новата наставна програма која е дел од реформите во основното образование.

    report this review
  • Anynomous
    07 December 2018

    Прочитајте го интервјуто со Oliver Stanojoski​, советик во Бирото за развој на образованието и дознајте повеќе за новиот концепт за граѓанско образование за осмо одделение 👉 goo.gl/ZNbxHs

    report this review
  • Anynomous
    05 December 2018

    Денес беше потпишан Меморандум за соработка за заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во Македонија од страна на Проектот Образование за вработување во Македонија - E4E, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за иновации и технолошки развој, Проектот на USAID Macedonia за развој на деловниот екосистем и UNDP MK.

    Заедничката медиумска кампања ќе се реализира во периодот од 2019 до 2021 година и има за цел да ја зголеми свеста за важноста на стручното образование и стручните занимања во Македонија.

    report this review
  • Anynomous
    05 December 2018

    Денес заврши третата обука од циклусот обуки за новиот концепт на граѓанско образование за 8-мо одделение. Во соработка со Бирото за развој на образованието досега се обучени повеќе од 300 наставници од основните училишта во Македонија.

    report this review
  • Anynomous
    04 December 2018

    Претставникот на УСАИД Вашингтон, Дејвид Браун, оствари средба со градоначалникот на Општина Бутел - Opstina Butel, Velimir Smilevski, претставници од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, како и наставници и ученици од ОУ Живко Брајковски.

    На средбата се дискутираше за важноста на процесот на меѓуетничка интеграција во образовниот систем, влијанието на училишните активности коишто овозможуваат интеракција и соработка меѓу младите од различни етнички заедници, како и за младинските инцијативи како алатка за промовирање на граѓански и демократски вредности кај младите.

    report this review
  • Anynomous
    28 November 2018

    „Обуката за нас наставниците по граѓанско образование беше прекрасна. Учениците се задоволни од новиот начин на настава бидејќи се активно вклучени во дискусии и отворено ги искажуваат своите ставови”, изјави Loreta Stankovic од ОУ „Григор Прличев”, Гази Баба, учесник на втората од циклусот обуки за новиот концепт за граѓанско образование.

    report this review
  • Anynomous
    23 November 2018

    Со спој на традиционалното и модерното, ученици oд СОУ "Никола Карев" Струмица промовираа меѓуетничка соработка на вчерашната јавна презентација во Домот на АРМ, Општина Струмица.

    Овој музички и актерски настап на учениците е финален продукт од нивното повеќемесечно учество во креативни работилници и форум театри, како дел од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

    report this review
  • Anynomous
    23 November 2018

    Гостување на Nattie Jankova Alagjozovska и Ице Беличев, наставници во СОУ "Никола Карев" Струмица во емисијата „Дневна соба“ на TV Kanal VIS на тема: Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

    Општина Струмица USAID Macedonia

    report this review
  • Anynomous
    21 November 2018

    Во периодот од 19-21 ноември, советници од Бирото за развој на образованието заедно со практичари во областа обучија 120 наставници за новиот концепт за граѓанско образование.

    Оваа обука е првата од циклусот обуки кои ќе бидат организирани во периодот што следува, а се дел од реформите во основното образование со кои ќе бидат опфатени сите наставници по граѓанско образование.

    report this review
  • Anynomous
    20 November 2018

    Emilija Veteroska, координатор на проектот Инклузија на децата што се надвор од училиштата во образовниот систем поддржан од Детската фондација Песталоци гостува во емисијата „Македонија наутро“ на МТВ1.

    report this review
  • Anynomous
    13 July 2018

    Оглас за асистент на проект

    report this review
  • Anynomous
    06 July 2018

    "Она што ми дава посебна надеж и задоволство е тоа што станува збор за долгорочен проект од кој ќе можат да произлезат добри резултати, а Општина Струмица е тука да ги поддржи сите активности и да даде свој придонес во активностите“, посочи градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски.

    report this review
  • Anynomous
    05 July 2018

    Погледнете го видеото од официјалното отворање на проектот Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk), поддржан од Швајцарија.

    report this review
  • Anynomous
    04 July 2018

    Access program students from Veles and Peace Corps volunteers jointly celebrate Independence Day at a summer camp in Struga! Access is a two-year program for secondary school students to improve their English language skills and learn about U.S. culture and American values.

    report this review
  • Anynomous
    26 June 2018

    30 основци кои учат на македонски, албански и српски наставен јазик во училиштето „Браќа Рибар“, с.Табановце, заедно изработија макета на нивното училиште. Ваквите иницијативи, поддржани од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, овозможуваат позитивна интеракција и соработка помеѓу учениците од различни етнички заедници.

    report this review
  • Anynomous
    18 June 2018

    Средношколци од кумановското училиште „Перо Наков“ кои учат на македонски и на албански наставен јазик, заедно организираа изложба "Разубави го градот / Zbukuroje qytetin", во рамки на Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Преку изложените цртежи, младите ја изразија својата желба дел од старите градби во градот да се реновираат, а дел да се пренаменат во објекти како кино, интернат, спортски, младински и трговски центар. На настанот присуствуваа нивните соученици, наставници, родители, како и вработени од секторот за урбанизам од Општина Куманово, советници, пратеници и директори на културни установи.

    report this review
  • Anynomous
    15 June 2018

    Честит Бајрам! Urime Fitër Bajrami! Bajramınız mubarek olsun!

    report this review
  • Anynomous
    14 June 2018

    Целта на креативните процеси во коишто беа вклучени младите е да им се понудат креативни алатки и иновативни пристапи кои ќе придонесат за зајакнување на нивното учество во меѓуетничкиот дијалог во училишната и пошироката заедница и да ги зголемат граѓанската свест и демократското однесување кај нив.

    report this review
  • Anynomous
    13 June 2018

    „Децата и семејствата во образованието (ДИСО) придонесува за многу големо поврзување на учениците и наставниците“ – изјави еден од наставниците кои присуствуваа на обуката. „Она што сакам да го применам од обуката е водење на конструктивен разговор со родителите“ – додаде друг учесник.

    report this review
  • Anynomous
    12 June 2018

    Ученици и наставници од струмичките училишта „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ заедно ја посетија Општина Струмица, со поддршка од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. За време на посетата, младите се запознаа со работата на општината и имаа можност да им постават прашања на претставниците од општината.

    report this review
  • Anynomous
    07 June 2018

    Љубовта кон природата и желбата за истражување ги обедини учениците од ОУ „Братство Миѓени“ од Тетово кои учат на македонски, албански и турски наставен јазик. Заедно со наставниците, младите собираа лековити растенија на Шар Планина и изработија хербариум. Активноста е дел од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

    report this review
  • Anynomous
    01 June 2018

    Членовите на фотографската секција од струшкото основно училиште „Браќа Миладиновци“ јавно ги презентираа своите фотографии, постери и хамери на штанд крај реката Црн Дрим. Во текот на учебната година, учениците од различни етнички заедници имаа голем број на заеднички средби каде што се дружеа и фотографираа проблематични области од градот. Случајните минувачи – локални граѓани и туристи им ја честитаа креативноста на учениците и посветеноста да ја покренат јавната свест за потребата од подобрување на нивниот град.

    Активноста е дел од проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, поддржан од Детската Фондација Песталоци.

    report this review
  • Anynomous
    31 May 2018

    Погледнете дел од креативните идеи на основците од училиштето „Вера Циривири-Трена" од с. Дебреште кои заедно изработуваа маици со еко симболи. Активноста е дел од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

    report this review
  • Anynomous
    30 May 2018

    Ученици од ОУ „Прпарими“, с. Чегране од Гостивар ги посетија соучениците од ОУ „Никола Карев“ од Радовиш. За време на посетата, младите меѓусебно се запознаваа и заедно садеа дрва во училишниот двор. На крајот, учениците испланираа и возвратна посета на есен.

    Активноста е дел од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

    report this review
  • Anynomous
    29 May 2018

    „Заедно растеме“ или "Birlikte buyuruz" е насловот на театарската претстава што заедно ја изведоа ученици од македонски и турски наставен јазик од ООУ "Крсте Петков Мисирков" - Радовиш, како резултат на повеќемесечното работење на драмската секција поддржано од Проектот на USAID Macedonia за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

    Tebrik ederiz!

    report this review

Rate & Write Reviews