Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ се наоѓа во историски најзначајниот крај на Р. Македонија, во славната Мијачија, која ги дала најзначајните македонски народни будители, општествени дејци, духовници, писатели, градители, уметници... Тука, впрочем, започнала македонската националната пробуда, тука биле отворени првите народни училишта, тука бил и зародишот на современата македонска држава. Напојувано од бистрите води на православната христијанска вера, славјано-македонското племе Мијаци оставило голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Токму затоа, „Куќата на Мијаците“ изградена целосно во духот на традиционалната мијачка архитектура. Всушност, направен е еклектизам од разновидните мијачки стилови на градска и селска архитектура од сите места каде што се распространиле Мијаците, при што од сите тие стилови се избрани најпрефинетите елементи. „Куќата на Мијаците“ е составена од приземје и два ката. Најгоре се сместени четири гостински соби за преноќевање. Останатите две катни површини, со зафатнина од околу 500 м2, се наменети за ресторанот: има повеќе простории – одаи, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани... Дополнителен принос за автентичноста на амбиентот е и тоа што келнерите и останатите вработени се облечени во стилизирани мијачки носии. Посебна убавина на „Куќата“ ѝ даваат двата пространи отворени чардаци, едниот на приземјето, а другиот на првиот кат, кои се одликуваат со прекрасен поглед кон река Радика и кон зелената горска шума. Исто така, пријатно и спокојно место за седење е и широката летна бавча, што се наоѓа во дворот на „Куќата“.
Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќата на Мијаците“ ги красат и црно-бели фотографии од истакнати македонски духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници..., родум Мијаци, но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии и т.н. Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќата на Мијаците“ многу повеќе од обичен етно-ресторан; всушност, таа претставува еден вид ресторан-музеј, една своевидна спомен куќа на славното македонско мијачко минато.
Навистина, „Куќата на Мијаците“ е еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна.
♦️ Има ли поубав мирис од мирисот на тазе испечено домашно лепче? ———————————————————————
♦️ Еве неколку тајни за нашиот леб:
...✔️Подготвен е во нашата кујна, од нашите мајстори... ✔️Печен е во фурна на дрва... ✔️Времето на печење е подолго, па поради тоа е лесен за варење и не предизвикува подуеност. ✔️Лебот е со уникатна текстура и уникатен вкус...
✅ Резултатот од сето ова е домашен вкус и традиција....
Дали се ова доволно причини да го пробате нашето лепче? ❤️
See More❤️ Готвено со љубов Креирано со душа ... ... од нашите мајстори во кујната ———————————————————————
...✔️ Ова е само едно од денешните послужени јадења на нашите гости.
See More✅ Погледнете....
✔️Падините на Бистра... ✔️Долината на Радика...
...♦️... и таму некаде, доле, под Галичник и Лазарополе, каде жубори таа прекрасна река и каде свежото ветре ги гали нашите лица, во оваа прекрасна легендарна Мијачија, е нашиот етно ресторан и музеј...
🥂 Повелете драги луѓе. Ве очекуваме
See More♦️ Целосно опремени соби во етно стил ♦️
✔️ Тв ✔️ Мини бар ✔️ Интернет... ✔️ Сопствена бања со туш кабина
✅ Ве очекуваме заеднички да уживаме во снежниот викенд ❄️
www.kukjanamijacite.mk
See MoreДобра ноќ ❤️
🥂 Љубителите на виното сакаат да уживаат во долгите разговори, убавото мезе и уникатниот амбиент...
🍷 Најубавата комбинација е да наздравите во име на љубовта и животот со чаша вино од нашите простори, внимателно одбрано и чувано со многу внимание.
❤️ Вие одлучете со кого и за што ќе наздравите, ние ве очекуваме за да заедно споделиме убави моменти во нашата винарија:
♦️ Каминот е запален, а вкусната храна се крчка во кујната.. ——————————————————————— ❤️
❄️❄️❄️ Зимска идила ❄️❄️❄️
Целиот наш комплекс е внимателно дизајниран, во уникатен однос со природата и традицијата...
Околината изобилува со недопрена природа и чист планински воздух, а прекрасните звуци на Радика, најчистата река во Македонија, даваат посебна магија на целата приказна, посебно кога се будите наутро и првите зимски сончеви зраци ја галат вашата душа...... ———————————————————————-
♦️ “Куќата на Мијаците” ♦️
See More❤️ Добра ви ноќ од прекрасната снежна Мијачија. ——————————————————————— ♦️ Во навечерието на Богојавление, ви посакуваме мирен сон и ве покануваме викендов на греана ракија и домашна пача - пифтија.
❤️ Ова е нашиот тим, нашето семејство...
♦️ Ве очекуваме за овој празничен богојавленски викенд ...
❄️ При крајот од овој прекрасен ден, со оваа фотографија, сакаме да ве поздравиме од историски најзначајниот крај во нашата убава Македонија, славната Мијачија...
♦️ Ве очекуваме да не посетите ♦️ ———————————————————————-
...Се смета дека славното славјано-македонското племе Мијаци, потекнува од некој древен царски или благороднички род.
Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура.
До ден денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната аристократска мијачка носија, за раскошните народни мијачки обичаи...
А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус.
See MoreДраги луѓе, уживатели на убавата храна, празниците и снегот....
- За сите кои денеска планирате да не посетите, ве информираме дека патот од Маврово кон Ростуше е исчистен и проооден, тука има сонце , снег и денот е прекрасен ❤️
Овие денови се како создадени за да ги уживаме заедно ❄️❄️❄️
Вистинска зимска идила... Тука природата не штедела со своите убавини ❤️
💫 Да успееме да ја зачуваме магијата на Божиќ во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден.
📌 Почитувани, по повод празникот, овие два дена ќе работиме со празнично работно време:
06.07 ќе работиме до 16.00 часот.... 07.07 ќе работиме од 12.00 до 21.00 часот.
⭐️ ХРИСТОС СЕ РОДИ! СРЕЌЕН БОЖИЌ!
See MoreОваа недела, пред Божиќ, вкусете нешто од нашето посно мени:
♦️ Затоа што нашите рецепти имаат минато, традиција, душа, љубов...
♦️ Затоа што спојот на минатото и сегашноста ќе ве разнежни и потсети на вашите корени...
♦️ Затоа што Вие и вашето семејство ја заслужувате оваа приказна...
Чествување за Нијази Лиманоски и Саме Лимани Жарноски
Во организација на Сојузот на Маедонците со исламска религија, денеска во „Куќата на Мијаците“ во близина на Бигорскиот манастир се одржа чествување за Професор д-р Нијази Лиманоски и поетот Саме Лимани Жарноски и двајцата по петекло од Река.
Претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Латиф Пајкоски, рече дека е горд и на двајцата великани кои и до последниот здив гласно велеа дека Македонците без разли...ка на верската припадност се едно ткиво, македонско.
За животот и делото на македонските великани,како што беше речено, се потсетуваме токму тука,покрај жуворот на пенливата Радика,каде што се родиле, растеле, придонеле за националното осознавање на своите сонародници а Саме и почива во родната Жировница.
#Етно #ресторан #и #Музеј #на #Мијачката #повест #КуќанаМијаците #река #Радика #Бигорски #манастир #Мијаци.
See MoreПита "Сарајлија" со сирење и полномасно кисело млеко. Може ли да одолеете ?
Добар ден!
...Опишувајќи ги убавините на Мала Река, Георги Трајчев во "Книга за Мијаците", меѓудругото вели: „Волшебна е земјата која ја населуваат Мијаците. Затворена меѓу Шар, Кораб, Бистра, Стогово, и поврзана со раскошни долини, напоени од бистрите води на реката Радика и нејзините притоки – Река е рајско катче. Нејзините населби, распослани по врвовите, огранците и полите од тој Балкан, со своите солидни куќи и убави чардаци, се богати со раскази за четката на прочуените сликари и перото на надарените писатели. Во текот на 1838 година, кога патувал Гризбах за да ја проучува месната флора, набљудувајќи останал вџашен од впечатокот кој го оставиле раскошните пејсажи кои блескаа пред неговите очи. На овие природни убавини, се должи можеби, и талентот, природната интелигенција и високи духовни квалитети на ова мијачко население“.
#КуќаНаМијаците #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Храна #Радика #Река
See MoreЕдна од мистериите за мераклиско турско кафе е во неговата подготовка на вжештен песок. Ориентална традиција, одамна присвоена и карактеристична и за нашето поднебје, особено Реканскиот крај.
Утрото во "Куќата на Мијаците" започнува со "Цариградско кафе", подготвено токму на овој начин. И со локум и бистра студена вода на нашата летна тераса со единствен поглед кон планините во Мијачијата. Во мир, тишина и при свеж воздух.
Обичниот начин на подготовка, на рингла, создава ...меурчиња кога кафето ќе зоврие. При ритуалот на песок, во ѓезвето, се создава густа пена. Притоа, кафето не се сипува во филџанот наеднаш и цело, напротив, потребно е пената да се подигне до грлото на ѓезвето неколкупати. Се става во филџан по малку, откога ќе зоврие 3 до 4 пати, без да се остави пената да падне на дното од ѓезвето.
Искусете и раскажете. Тука и на вашите пријатели.
Пријатен ден. Ве очекуваме.
#КуќаНаМијаците #Традиција #КафеНаПесок #Мијаци #Река
See MoreПочитувани наши гости,
Со оглед на големината и значењето на претстојните христијански празници, во кои секој христијанин е повикан да земе учество на богослужбите, како и поради самата природа на празникот која од верниците бара поголемо воздржување, во знак на солидарност и почит кон Христовите страдања, ве известуваме дека на 5, 6 и 7 април 2018 лето Господово, Велики Четврток, Велики Петок и Велика Сабота, нашиот ресторан нема да работи за да им даде можност на своите в...работени да присуствуваат на богослужбите. Сметаме дека колку и да е голема заработката во тие денови, бидејќи за жал денес постои тренд кај угостителските објекти токму тогаш најмногу да се заработува, таа нема да ни донесе благослов од Бога, дури ќе ни биде и за осуда. Но, откако ќе го прославиме Велигден, срдечно ве покануваме да го споделите со нас радосниот празничен амбиент и богатата велигденска трпеза. Ресторанот почнува со работа во недела, 8 април, од 12 часот.
See MoreПочитувани! По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, им посакуваме среќен празник на сите претставнички од понежниот пол.
Интегралното ржано брашно е богато со минерали, витамини, растителни влакна и антиоксиданти, бидејќи е производ од целото зрно на пченицата.
Не се меле и не се рафинира.
Благодарение на протеинот кој што е застапен во самото зрно, односно глутенот, се добива прекрасна еластичност и лепливост, и енормна хранливост.
...Интегралното ржано брашно може да дејствува како пробиотик, односно да ги поттикнува корисните бактерии во цревата, а со тоа и спречување и превенција на ракот во дебелото црево. Го зајакнува организмот и го подобрува нивото на железо во крвта.
Доколу сакате да вкусите домашно интегрално лебче од рж, направено со природен квас од Света Гора, богато со растителни влакна и хранливи состојки, облагородено со природен светогорски квас, без вештачки адитиви и конзерванси, тогаш...
Повелете. Ве очекуваме.
#КуќанаМијаците #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Мијаци #Река #Радика.
See More"Цариградско кафе" во "Куќа на Мијаците". Подготвено на песок. Не преврива, напротив се вари на совршена температура. Магијата е во пената во ѓезвето, која, се крева и веднаш се сипува во филџанот. И пак се повторува истото. "Цариградско кафе", подготвено со мерак и многу љубов.
Сакате со една или две лажички шеќер ?
...Пријатно попладне.
#КуќаНаМијаците #Цариградско #Кафе #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Храна #Радика #Река
See MoreПита "Сарајлија" со сирење и полномасно овчо кисело млеко. Може ли да одолеете ?
Опишувајќи ги убавините на Мала Река, Георги Трајчев во "Книга за Мијаците", меѓудругото вели: „Волшебна е земјата која ја населуваат Мијаците. Затворена меѓу Шар, Кораб, Бистра, Стогово, и поврзана со раскошни долини, напоени од бистрите води на реката Радика и нејзините притоки – Река е рајско катче. Нејзините населби, распослани по врвовите, огранците и полите од тој Балкан, со своите солидни... куќи и убави чардаци, се богати со раскази за четката на прочуените сликари и перото на надарените писатели. Во текот на 1838 година, кога патувал Гризбах за да ја проучува месната флора, набљудувајќи останал вџашен од впечатокот кој го оставиле раскошните пејсажи кои блескаа пред неговите очи. На овие природни убавини, се должи можеби, и талентот, природната интелигенција и високи духовни квалитети на ова мијачко население“.
#КуќаНаМијаците #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Храна #Радика #Река
See MoreИзвестување!!! Почитувани гости, љубители на нашиот етно ресторан и мијачката култура и традиција.
По повод претстојниот Новогодишен викенд , би сакале да ве информираме дека на ден 31.12.2017 Недела, ресторанот Куќа на Мијаците, продолжува да работи без закажани настани.
...Ќе ни биде особена чест и задоволство да бидеме ваши домаќини.
Повелете. Ве очекуваме.
Етно-ресторанот "Куќа на Мијаците" се наоѓа веднаш под Бигорскиот манастир, на 25 километри од Маврово.
#КуќаНаМијаците #Маврово #Храна #Традиција #ЕтноРесторан #Галички #Смок #Цариградско #Кафе.
See MoreТрадиционалното мијачко варено вино, познато кај нас и како греено вино) е одличен пијалак за да се згреете и расположите во студените есенски и зимски денови. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, па тешко можете да му одолеете и да не се напиете.
Најчесто се приготвува од црвено вино кое е зачинето со стапчиња цимет, каранфилчиња, ванила, портокал и/или лимон, а за уште подобар вкус се додава и шеќер или мед. Секогаш се служи топло.
Совршено ...е за да го изненадите вашето друштво, но освен тоа го исполнува воздухот со пријатен мирис кој никого не остава рамнодушен.
Повелете. Ве очекуваме.
#КуќанаМијаците #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Мијаци #Река #Радика.
See MoreПочитувани,
Етно ресторанот, Куќа на Мијаците, кој се наоѓа во живописните предели на националниот парк Маврово, покрај бистрите води на Радика, во непосредна близина на Бигорскиот манастир, во пресрет на предновогодишните празници, Ви нуди прекрасна можност за организирање на Вашите прослави и коктел забави.
Дојдете и почувствувајте го автентичниот амбиент на славната мијачка историја, уживајте во прекрасната архитектура и насладете се со традиционалната мијачка храна, надал...еку прочуена по својот богат и единствен вкус.
Овој своевиден музеј на високата мијачка култура, Ви овозможува вистински одмор и релаксација, за Вас и Вашите пријатели, колеги, во еден од најубавите и историски најпознатите краишта на нашата земја.
Ќе ни претставува особена чест и задоволство, да бидеме Ваши домаќини, а со тоа и да ја продолжиме традицијата на славните Мијаци.
Уште една прилика подобро да се запознаеме и да се дружиме.
Доколку имате некакви прашања, можете слободно да не контактирате.
Ве очекуваме наскоро и Ви посакуваме прекрасен ден.
Побрзајте, местата се ограничени.
See MoreИнтегралното ржано брашно е богато со минерали, витамини, растителни влакна и антиоксиданти, бидејќи е производ од целото зрно на пченицата.
Не се меле и не се рафинира.
Благодарение на протеинот кој што е застапен во самото зрно, односно глутенот, се добива прекрасна еластичност и лепливост, и енормна хранливост.
...Интегралното ржано брашно може да дејствува како пробиотик, односно да ги поттикнува корисните бактерии во цревата, а со тоа и спречување и превенција на ракот во дебелото црево. Го зајакнува организмот и го подобрува нивото на железо во крвта.
Доколу сакате да вкусите домашно интегрално лебче од рж, богато со растителни влакна и хранливи состојки, облагородено со природен светогорски квас, без вештачки адитиви и конзерванси, тогаш...
Повелете. Ве очекуваме.
#КуќанаМијаците #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Мијаци #Река #Радика.
See MoreСело Галичник - се наоѓа на падините на планината Бистра, во срцето на регионот на Мијачкото племе, околу 10 километри до вештачкото Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта.
Познато е по „Галичката свадба“, традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиит...е во животот.
Галичник е ценет по квалитетниот Галички кашкавал, како и поради галичкото овчо сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална Архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.
Наша препорака за денес е парче Галичко овчо сирење, и чоканче жолта ракија за почеток на вашиот ручек.
Повелете!
#КуќанаМијаците #Етно #Ресторан #Хотел #Традиција #Мијаци #Река #Радика.
See MoreЕдна од мистериите за мераклиско турско кафе е во неговата подготовка на вжештен песок. Ориентална традиција, одамна присвоена и карактеристична и за нашето поднебје, особено Реканскиот крај.
Утрото во "Куќата на Мијаците" почнува со "Цариградско кафе", подготвено токму на овој начин. И со локум и бистра студена вода на нашата летна тераса со единствен поглед кон планините во Мијачијата. Во мир, тишина и при свеж воздух.
Обичниот начин на подготовка, на рингла, создава ме...урчиња кога кафето ќе зоврие. При ритуалот на песок, во ѓезвето, се создава густа пена. Притоа, кафето не се сипува во филџанот наеднаш и цело, напротив, потребно е пената да се подигне до грлото на ѓезвето неколкупати. Се става во филџан по малку, откога ќе зоврие 3 до 4 пати, без да се остави пената да падне на дното од ѓезвето.
Искусете и раскажете. Тука и на вашите пријатели.
Пријатен ден. Ве очекуваме.
#КуќаНаМијаците #Традиција #КафеНаПесок #Мијаци #Река
See More