Евангелска Црква-Неготино е дел од Евангелска Црква во Р.М. и е составена од верници (мажи и жени) кои поверувале во Исус Христос и го прифатиле како свој Господ и Спасител, потврдувајќи ја нивната вера и завет, преку водено крштевање..
Како што и самото име кажува, Евангелска Црква става нагласок на евангелието (радосната вест), дека Исус дојде на овој свет за да ја плати (на крстот) цената за нашиот грев, и секој што ќе поверува во Него, нема да биде суден, туку ќе има живот вечен (Јован 3:16).
ДЕНОВИ НА НАДЕЖ (во Неготино и Кавадарци) 8-11.09.2018 Организирани настани, на отворено и во сала, заедно со Ренди Феир од Тексас и студенти од Библиско училиште од Англија.
Повелете на богата културна програма:
Мини концерт со современи христијански песни. Бенд од Струмица и интернационална музичка група (со членови од Италија, Англија, Романија, Холандија, Германија..) Ренди Феир од Тексас, ќе се претстави со брзопотезни цртежи со креди и посебни светлосни ефекти.... Интересни сведоштва и духовна порака. Ќе има и извлекување на 10 атрактивни награди, но и подарок-книга, за сите присутни. Главна награда: уметничка слика, на платно.
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН ! СЛОБОДНО ПОКАНЕТЕ И ВАШИ ПРИЈАТЕЛИ
See MoreПовелете на богата културна програма:
Мини концерт со современи христијански песни. Ренди Феир од Тексас, ќе се претстави со брзопотезни цртежи со креди и посебни светлосни ефекти. Интересни сведоштва и духовна порака.... Ќе има и извлекување атрактивни награди, но и подарок-книга, за сите присутни.
ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН !
See MoreФилип Иванов е пастор на Евангелска Црква-Велес и е млад, харизматичен говорник, кој веќе има проповедано на повеќе континенти, а редовно е канет и на предавања и трибини, во повеќе градови, во Македонија. Во Неготино ќе проповеда на 19 август (недела) од 19:00 ч. а насловот на проповедтта е „Живот во долината на сувите коски“.
Во недела (12 август), на вечерната богослужба од 19:00 ч. ќе проповеда Мирче Андрев, кој е пастор на Евангелска Црква во Скопје и претседател на Е.Ц. во Р.М. Тој е интернационален говорник со големо искуство и неговите проповеди секогаш го задржуваат вашето внимание, бидејќи содржат поучни и интересни стории.
Тинејџерски камп-Крани (30.07-02.08.18), Во организација на „Осан“ црква од Јужна Кореја и Е.Ц. во Р.М. (Благодарност до Хана).
Може ли некој да каже дека ова е случајно создадено и да ја оспори вклученоста на Божјиот креативен ум?
Влезот во црквите е бесплатен, а тие сепак се празни. Влезот во дискотеките се плаќа и тие сепак се полни. Чудно како луѓето се спремни да плаќаат за пропаст, а одбиваат бесплатно спасение.
ДЕНЕС И УТРЕ (29-30 АПРИЛ) СЕ ПОСЛЕДНИ ДЕНОВИ, ЗА ПРИЈАВА НА ЧБС, СО ПОПУСТ. ИСКОРИСТЕТЕ ЈА ПРИЛИКАТА.