Ја привршувам мојата изборна програма и најмногу размислувам за младите. Ним сум им го посветила животот како професор, и за нив најмногу ќе се грижам како претседателка.
Се разбира, рак-рана на општеството е образованието од најниско до највисоко ниво, и тоа не затоа што младите не се вредни и способни, туку затоа што системот е поставен на лоши темели. Образовната политика е поставена не само на комерцијални основи, правото на образование не е загарантирано и еднакво за с...ите, особено на највисоките степени, туку станува привилегија. Невработеноста е таа што ги наведува родителите и нивните деца да се решат за какво-такво продолжување на образованието, наместо седење без работа. За тоа семејствата го издвојуваат и последниот денар. А кога ќе дипломираат/магистрираат или дури и докторираат, повторно се соочуваат со неможноста да се вработат. Во земја во која не се ценат вредностите и за вработување повеќе значење има партиска кништа, етничко потекло и/или непотизам, младите се решаваат на радикални чекори: тие немаат време да чекаат земјата да се оправи.
Сведоци сме дека и најдобро образуваните млади луѓе, па дури и оние од добро ситуирани семејства, емигрираат во потрага на земја каде владее правото и каде корупцијата не е норма во секојдневното живеење. Сега таа генерација е пред одлука да прифати друго државјанство. Во некои земји, како Германија, тој чин значи и одкажување од македонското државјанство.
Не сакам нашите луѓе да се откажуваат од Македонија. Сакам младите да останат тука, да работат и живеат во добро уредена држава! Ако имате идеи за тоа што поконкретно очекувате од мене како претседател да направам за младите, ве молам, пишете ми. Тука сум да ве сослушам! И останувам со вас како и секогаш кога сум ви била потребна.
Фотографиите се од трибината „Лица и наличја“ одржана во март 2011 година на Филозофскиот факултет, каде го критикувавме Законот за високо образование на министерот Нино Тодоров.
П.С. Секој момент ДИК ќе треба да ја утврди мојата кандидатура, а со тоа ќе треба да прекине и мојата активност на социјалните мрежи. Се чини, тука ќе се поздравиме за кратко време, па продолжуваме - до победа!
See MoreКако граѓанин и уште повеќе како професор, уште пред да влезам во претседателската трка, знаев дека кампањата ќе биде валкана. Знам дека за политичките страсти понекогаш нема ни врв ни дно; свесна бев дека со стапување на политичката сцена на удар ќе бидам изложена не само јас, туку и моето семејство.
Хајката од вчера продолжува со удари врз децата. Ова не е првпат да ми се случи она „да ја дискредитираме Сиљаница, ако треба и со удирање по децата“.
Издржав тогаш, ќе издржам... и сега - но, нема да паднам ниско да враќам на ист начин.
Се натпреваруваме како личности, но и со програми, да ги оставиме децата на мир, и нашите и туѓите.
See MoreПокрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, и останатите партии кои на своите конвенции, централни одбори, конгреси ме одбраа за нивни претседателски кандидат, ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум дека јавноста ќе препознае дека сум натпартиска личност, а не како што СДСМ сакаат да ме претстават, нечија марионета. За мене е најважно дека Македонија преживува и минува премрежија. Сега е време да ја ставиме на нозе и да тргнат нештата по патот по кој одат демократиите и социјалните држави во кои во центарот на политиката е човекот, а не елитите.
Денеска во Европскиот Парламент се запознав со Европската народна партија и се сретнав со многу европски политичари. Добив поддршка од Дорис Пак со која разменивме мислења за улогата на жените во политиката. Но, би издвоила дека Крамп-Каранбауер, новата лидерка на владеачката Христијан демократска унија, наследничката на Ангела Меркел, ми даде целосна поддршка за победа на претстојните избори.
Средбите со нашите пријатели во Брисел се искрени: ние ги изложивме нашите забелешки за лошиот тек на реформите и стравувањата во врска со претстојните избори, но и од нивна страна добивме искрени укажувања да не се надеваме на брзо отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Оттука, нека не ве изненадат нашите загрижени лица! Но, решителни сме да го означиме почетокот на крајот на оваа влада која како коцкар стави се' на една карта - и изгуби! Сега тоа треба да го казниме со јасна и заедничка порака на изборите: доста беше!
Транспарентност и замајување на јавноста Денес сум во Брисел каде имам бројни состаноци во Европскиот парламент, Советот и во Комисијата. Моите соговорници се интересираат колку и кои компании инвестирале во Македонија минатата година. Владата се фали со наводни 600 милиони евра рекордни странски инвестиции.
Драги мои, јас решив да се кандидрам за Претседателка со цел да направам промена, да ги кажувам работите какви што се. Да внесам вистина во политиката, наместо замајувањ...е на јавноста. Да се борам за право и правда.
И затоа и на моите соговорници и Вам ви кажувам дека Владата пропушта да каже дека станува збор за рекордно НИСКО ниво на нови инвестиции откога се на власт. Ланската година се инвестирани само 67.9 милиони евра во вид на НОВИ инвестиции. Останатите 405.1 милиони евра се, всушност, РЕИНВЕСТИРАНА ДОБИВКА! И тоа од компаниите кои првично инвестирале во време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Доста е со популизам! Треба да се фатиме за работа! Економијата е пред колапс, народот живее во сиромаштија и тоа не можете да го скриете со статистички манипулции. Европската Унија е заснована на економска интеграција, а без економија немаме шанса да станеме членка на ЕУ!
Апелирам до Владата: во духот на транспарентноста и отчетноста за кои декларативно толку се залагате, повелете и објавете: кои се новите инвеститори од 2018 година? Колку вложиле и колку нови работни места отвориле? Колкави се платите на вработените?!
*Извор: НБРМ, 2019
See MoreЧуму сите тие заменик министри, Македонија е сиромашна земја.
За земја со толку многу историски артефакти, вклучително и од антиката, како со Преспанскиот договор им дозволуваме античкиот период да биде одбележан како само нивни?
Деновиве ја финализирам мојата програма. Пратете ми и ваши идеи и предлози! Мојот денешен коментар е следен: Додека нашите властодршци како средновековни господари се гоштеваат на царски балови, Животот кој го ветија на македонските граѓани дојде само за нивните семејства. Република Македонија е социјална држава, а СДС направија пародија и од темелните вредности на уставот и од својата наводна "идеологија".
Дури 1% oд граѓаните имаат 14% од вкупниот приход.... Ова зборува за огромна раслоеност меѓу 1% богати и останати сиромашни и не прави најнееднаква земја во Европа во однос на приходи. Стево можеби ти не го чувствуваш на твоја кожа, но Македонија е поделено и обесправено општество. Дополнително, БДП по глава на жител ни е 1/3 од просекот на ЕУ, а степенот на инфраструктурен развој едвај на половина од нивниот. Со процент на раст на БДП под сите земји во регионот и под просекот на ЕУ, како што стои нашето стопанство откако дојде Животот на власт, никогаш нема да фатиме приклучок со просперитетните европски демократи. Фактите ме наведуваат да заклучам дека вашето "рекордното" ниво инвестиции најверојатно е маркетиншки трик. Зарем чувме инвеститори со име, освен една компанија!? Градежништвото кое е столбот на нашето стопанство се урниса пред вашето неспособно раководење со клучните капитални инфраструктурни проекти. Вашата неспособна економска дипломатија им зададе дополнителни маки на металуршката индустрија со давачките и царините кон ЕУ, кои не успеавте да ги симнете. Можам да продолжам понатаму, но ми ја разбирате мислата. Македонската економија е во слободен пад, а Животот работи само во интерес на партиската клика, и нивните деца. Вие сте финансиската елита, сигурна сум дека не можете ни да ги поимате секојдневните битки кои македонските граѓани ги водат да обезбедат егзистенција за своите деца. Бидејќи вие не знаете што е плата од први до први, да ви кажам дека просечната плата која ја прикажувате е само мисловна именка.
За право и правда не за општество киднапирано од партиска клика! Како претседателка ќе ги искористам сите свои овластувања, мојот кабинет да работи во насока на создавање општество на еднакви можности за економски напредок, каде единствен критериум за успех ќе биде личната способност! Новото сонце на слободата ќе изгрее!
See MoreСекојдневните приведувања на опозициски политичари во амбиент на расцветан криминал и корупција потврдени од извештаи на ЕУ, САД и меѓународни организации, се шокантни. Кога би повеле постапка и привеле и некој од власта би ви поверувале дека правдата е неселективна. Приведувањето на опозициски лидер пред изборите не ме плаши, продолжуваме по патот на правото и правдата за Македонија! #ПравоИПравдаЗаМакедонија
Една шума сечат, друга гори. Воздухот ни го земаат. Ќе им дозволиме ли да продолжат? Размислете! Вие го имате одговорот. Вие и вашите пријатели, соседи и колеги....
Судството е далеку од независно! Тоа особено се виде во трката оправдувана со постигнување на „повисока цел“, во која патем се изгубија главните принципи на ограничената и поделена власт.
Се кршеа за да се истурка на сила Преспанскиот договор, да се изманипулира со волјата на граѓаните на референдумот, потоа беше противуставноратификуван и објавен законот за употреба на јазиците, итн.
Да не зборувам за измените на Кривичниот законик со единствена цел од судење да се спасат... личности чие евентуално изнесување пред лицето на правдата би го загрозило опстанокот на коалицијата.
Доста веќе со селективна правда и неказнивост на една категорија „недопирливи“, доста со инструментализација на судството и обвинителството.
See MoreДа го прашам колегата Стево дали повторно ќе имаме изборни нерегуларности и гласање во рекордно време, да не кажам, полнење на кутии?
По францускиот, турскиот и амбасадорот на ОБСЕ, денес се сретнав и со бугарскиот амбасадор. Секогаш сум отворена за соработка со меѓународната заедница. Ми претстојат нови средби на Европско ниво. На сите им истакнувам дека владеењето на правото е клучно за развој на Македонија. Кон Европа може да не водат само компетентни луѓе, со интегритет, знаење и почитување од меѓународната заедница!
Мојот драг Стево целиот работен век го минал во безбедносните служби, државните институции и на високи државни позиции. Доколку сакаше да работи за поинакви Република Македонија, за Македонија во која единствен господар е словото на законот, имаше повеќе од две децении. Очигледно, тој не е новото лице на правдата, туку остатокот од корумпираниот елитистички естаблишмент, кој мора да се промени.
И покрај црнилата со кои се соочуваат граѓаните и за кои зборуваме секојдневно низ Македонија има надеж дека работите можат да се променат. 21 април е новиот можен почеток кога ќе тргнеме кон нов начин на размислување, кон нов начин на делување. Македонија има огромен потенцијал време е тој позитивен капацитет да го искористиме и сите заедно да внесеме светлина во секојдневните скандали, криминали и црнила на оваа неспособна и корумпирана влада која се води од принципите на Заевизмот. Енергијата во ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е на највисоко ниво. Ги поздравувам! И неопределени граѓани ми приоѓаат и бодрат. И од други партии! Одиме напред, има надеж за Македонија!
Јас, за разлика од Стево, немам штаб. Немам луѓе што како војници извршуваат партиски наредби, со надеж дека ако ја завршат добро работата ќе добијат од партија вработување, унапредување или место во некој управен одбор. Имам тим од луѓе кои ги обединува љубовта кон татковината и желбата да се воспостави владеење на правото. Дел се блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дел често ги критикувале нивните политики. Но, сите се мотивирани со идејата нашата земја да оди напред и водени од граѓанската должност да дадат свој придонес кон создавање на општество што ќе почива на основите на правото и правдата.
Поддршка и од Днет предводена од Ердоган Сарач, поддршка и од Дебар и од Маврово Ростуше.
Бев и во Велгошти, Лескоец, Струга, Дебар, Ростуше. Ви кажувам, јас сум кандидатката што се борела, се бори, и ќе се бори за зачувување на идентитетот и името македонско врз база на владеење на правото за сите граѓани.