Инсталација од 5000 л. санитарна вода за РЕК БИТОЛА
ДООЕЛ „ПОМ-АКВА“ Битола е друштво со ограничена одговорност со основачки капитал од едно лице. Друштвото е произлезено од ДОО „ПОМ“ Битола формирано во 2003 год. , а како ДООЕЛ „ПОМ-АКВА“ Битола фигурира од 2015 год. Дејноста на друштвото е производство , одржување и монтажа увоз-извоз , ремонт на индустриска опрема, изработка и монтажа на инсталации за греење и ладење, изработка и монтажа на инсталации за водовод, канализација и санитарија соларни системи и сл. , а за што поседува и лиценца „Б“ со бр. И.879/Б за изведувач на градби од втора категорија. Во соработка со ДОО „ТЕРМО ТЕХНИКА ВМ“ Прилеп , успешно се покрива и пазарот за изработка и монтажа на челични конструкции , изработка и монтажа на садови под притисок парни и топловодни котли , цистерни , силоси , бојлери , дупликатори и друга процесна индустриска опрема , а за што располага со комплетна опрема како дигалки , платформи и комплетно опремена машинска работилница.