ДЕСЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО ВАШИОТ ИЗБОР ТРЕБА ДА БИДЕ ВМРО-ДПМНЕ
1. Заради тоа што е ВМРО-ДПМНЕ исконски поврзана со традицијата на македонскиот народ и со неговата желба за самостојна, суверена и демократска Македонија.
2. Заради тоа што е ВМРО-ДПМНЕ партија со демохристијанска, народна и конзервативна идеолошка ориентација, која го почитува демократското достоинство на човекот и неговите слободи и права.
3. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ ги уважува потребите на другите етнички заедници во Република Македонија и се залага за постојано унапредување на меѓуетничката хармонија.
4. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ создава активен стручен и научен потенцијал за излез на Македонија од економска криза.
5. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ, поддржувајќи ја пазарната економија, има формулирано реална програма за привлекување странски директни инвестиции.
6. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ, како прва партија што предложи декларација за членство на Република Македонија во ЕУ има сила да ја одведе нашата Татковина во европското семејство на народите и во НАТО - алијансата.
7. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има изградено непоколеблив став и е подготвена за справување со корупцијата и криминалот, кои ја нагризуваат економската основа на Република Македонија.
8. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има свест за значењето на образованието и науката и верува дека треба да се даде силен поттик за понатамошна едукација, особено на младите во Република Македонија.
9. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ, почитувајќи ја традицијата, има изградено свест за создавање на предуслови македонските пензионери, достојно да го поминат остатокот од животот.
10. Заради тоа што ВМРО-ДПМНЕ има историска одговорност за иднината на граѓаните и е решена со сите сили да истрае на тој пат!
No reviews yet. Be the first to add a review.