Здружението е формирано за остварување на следните цели:
-Согледување на проблематиката со јавната едукација за управување со моторни возила, унапредување на безбедноста во сообраќајот и развивање на еколошката свест при користење на возилата.
-Генерално унапредување на професијата и заштита на интересите и целите на автошколите и иструкторите.
-Советување и подржување членови во генерално - техничките (професионални) и социјални прашања.
-Поврзување со останатите здруженија на граѓани, со политички партии, со ресорните министри, со станиците за технички преглед на моторните возила и другите организации за вештачење и тестирање како и други организации и институции кои се занимаваат со безбедноста на сообраќајот и заштитата на животанта средина.
-Работење на унапредување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, правата на авто школите и инструкторите, соодветен тест за себе заради зачувување и унапредувањена карактерот на приватното оспособување за возач во економска смисла, а особено во помагање и советување на авто школите во почетокот со работа.
-Учество во развојот на профилот на затекнатиот систем за оспособување угледот на авто школите и инструкторите и консултации за професионални достигнувања.
-Создавање услови и можности за напредно оспособување на членките на професионален и економски план (семинар, курсеви и др.)
-Развивање на нови програмски модели за настава и унапредување на тековните програми за оспособување.
-Информирање на членовите за сите важни прашања кои се однесуваат на авто школите и инструкторите, на локално и државно ниво.
-Соработка и размена на искуства со здруженија на авто школи и инструктори на интернационално ниво.
-Правила за конкуренција меѓу членовите на Здужението.
На шестите инструкторски спортски игри оддржани на 5,6,7 октомври 2018 год. во Охрид присуствуваа над 220 колеги возачи-инструктори
Извештај од годишно собрание
Ајде малку едукација - како се применува знакот "STOP" ?
Седница на собрание на НЗАВИ 17.3.2018 год.
Присуствуваа преставници од 58 автошколи од Р.М.
Известување за годишно собрание
На сите колешки Среќен 8-ми Март
Почитувани колеги,
Сосема случајно, на нашиот e-mail приметивме дека имаме добиено порака со барање за средба, од преставници од автошколите од Гетеборг, Шведска, кои веќе неколку дена престојуваат во Скопје.
Се слушнавме истиот ден попладнето, закажавме состанок. Разменивме мислења и искуства во поглед на работата на автошколите и ќе може да заклучите дека и нема баш многу разлика...
...Доцнат зад нас едно 40-60 години, пошто немаат поим која е улогата на пробниот тест и сеуште го немаат воведено. Нешто што ние успешно со години го негуваме и спроведуваме.
Не умеат да користат и пенкала во автошколите. Немаат рачни евиденции. Се водат електронски, а основа е работното време на инструкторот. Преку софтверска апликација се закажуваат термини за теоретска и практична настава. И јавно се гледа кога инструкторот има слободни термини, исто така и уплатената сума по наставен час е јавно истакната.
Се исплашија кога им покажавме колкав куп на книги, рачно ги пополнуваме.
Наставниот план и програма за теоретска и практична обука сами го изготвуваат и го прилагодуваат кон кандидатот за возач. Спроведувањето на програмата не подлежи на никаков надзор. Контролен механизам преставува самиот испит и постигнатите резултати. Но, таму испитот е реален и праведен, без теоретски шанси да помислите да влијаете на објективноста на испитувачот. Доколку подолг временски период покажувате слаби резултати, тогаш надлежните органи ќе се позанимаваат со вашата работа.
Низ разговор, дознавме и дека за иста цена сме ги купиле мотоциклите за обука за "А" категорија, а тука некаде сме и со цената за бензин (кај нив е околку евро ипол).
Кога им кажавме колку чини обуката кај нас, останаа со смрзнати лица... Од куртозија и срам не ни кажаа за нивната цена..
Нема да Ви кажеме ни како реагираа кога слушнаа за камерите.. Не им се веруваше дека некаде постои такво нешто.. Кај нив најстрого е загарантирана со Устав на слободата на комуникацијата и говорот, како и приватноста на луѓето.
На крај, не поканија да ги посетиме, кога ќе посакаме...
За возврат ние ги поканивме да ни бидат гости на игрите во Охрид. Со задоволство прифатија... Ги гледаа сликите и заклучија дека само тоа го нема кај нив..
Се поздравивме. Вечерта имаа авион, се враќаа во својата земја...
Ние моравме да брзаме, назад на работа.. Не чекаа снимени материјали за архивирање...
See MoreНа работната средба стана збор за посебните услови за работа на стручниот кадар во автошколите и испитните центри, за добивање на лиценци за вработените во автошколите и испитните центри, создавање на услови за спроведување на реален возачки испит (доставен предлог до Министерот), за камерите и нивната досегашна улога во обуката, информација до Премиерот дека е доставен допис до Министерот за финансии со барање за работна средба во врска со ДДВ итн.
Заедничка беше констатацијата дека ќе продолжиме со комуникацијата во изнаоѓање на решенија на проблемите со кои се соочуваме во оваа дејност на општо задоволство.
Покрај предлозите објавени на ЕНЕР од страна на работната група на МВР, дополнително ги доставивме следниве предлози за измена и дополна на ЗБСП на состанокот со претставниците од МВР оддржан на 30.10.2017 година
Трибина ,,Автошколата – фактор за безбедноста на сообраќајот на патиштата‘’
Многу од колегите ни замеруваат дека ја немаат жиро сметката на здружението за да уплатат членарина. Еве ја истакнуваме јавно и по извршената уплата ќе добиете Фактура.
Известување за јавен настан
Петти инструкторски спортски игри
Соопштение од седница на извршен одбор