Технички факултет - Битола е државна институција во состав на Универзитетот Св. Климент Охридски која врши високообразовна, научно-истражувачка и применувачка дејност на подрачјето од областите на машинство, електротехника, сообраќај и транспорт и графичко инженерство. Застапени се современи четиригодишни и тригодишни студии усогласени со европскиот модел на високо образование. Студирајќи овде, станувате креатор на сопствената студиска програма преку можноста за избор на стручните предмети со можност да се добие диплома призната во светски размери.
На 14.9.2018 од 10:00 во лабораторијата за сообраќај и транспорт (просторија 404) ќе се одржи гостувачко предавање од Prof. Marina Zanne, Faculty of Maritime Studies and Transport, Chair for Economics and Management in Traffic, University of Ljubljana на тема Some positive examples of transport planning in Slovenia. Предавањето е наменето за студентите на прв, втор и на трет циклус студии на Отсекот за сообраќај и транспорт, за академскиот и соработничкиот кадар на Технички факултет Битола, како и на Универзитетот „Св. Климент Охридски" Битола.
Со големо задоволство Ве покануваме да ни се придружите на презентацијата од Nancy Shelly проследена со дискусија.
Настанот го организира Технички факултет Битола во соработка со здружението ЕТАИ и ќе се одржи во просториите на Техничкиот факултет на 24.09.2018 год. од 11h.
Тема на презентацијата ќе биде Center for Youth Development through Law (CYDL), невладина организација од Беркли, Калифорнија. CYDL соработува со UC Berkeley School of Law, локални училишта, правни лица и ...владини агенции со цел да ги инспирира и подготви средношколците од етнички разновидни и економски обесправени заедници за поголемо вклучување во високото образование, со можност за остварување на кариера, демократско учество и лидерство. На оваа презентација ќе бидат разгледани и стратегиите на програмата кои може да се имплементираат во различни услови за поддршка на позитивните резултати од развојот на младите.
See MoreПочитувани,
Со големо задоволство Ве покануваме да ни се придружите на гостувачкото предавање на д-р Brian A. Barsky, Професор Емеритус на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
...Предавањето го организира Технички факултет Битола во соработка со здружението ЕТАИ и ќе се одржи во просториите на Техничкиот факултет на 24.09.2018 год. од 10h.
Во рамките на неговото предавање, проф. Барски ќе презентира дел од резултатите од истражувањата на неговиот тим кои се однесуваат на дизајн на оптички системи и помагала за подобрувања на слики од дисплеи (на таблети, екрани на мобилни телефони и сл.) прилагодени на корисници со специфични проблеми со видот. Ќе бидат презентирани и тековните истражувања во симулација на човековиот визуелен систем и во дисплеите за корекција на видот со кои се компензира оптичката аберација кај човечкото око. Применетата симулација не е апстрактен модел туку инкорпорира реални мерења на комплетниот оптички систем на конкретната индивидуа.
See MoreТехнички факултет - Битола ги информира своите студентите дека покрај пријавувањето на испитите за септемвриска сесија во iKnow системот, задолжително е доставување на пријава на испитите и на студентски прашања на 03. 04, 05 Септември 2018.
Потпишан Меморандум за соработка меѓу АД ЕЛЕМ и Технички факултет - Битола, со што се дава формално - правна рамка за продлабочување на меѓусебната соработката
Прв уписен рок Пријавување: 30 и 31.08.2018
2nd International Conference "Transport for Today's Society", Bitola, May 17 – 19, 2018 CONFERENCE CONCLUSIONS - There is a need for a shift from conventional planning, (based on speed, convenience and automobile oriented improvements), to more comprehensive and multimodal approach which includes a broader range of modes, objectives, impacts and improvement options; - Dynamic management of the system, encouraging mode shift, using of...
Continue ReadingБлагодарност до АД ЕЛЕМ за соработката, за поддршката, како и за укажаната доверба за идна поинтензивна соработка! Честитки до студентите за постигнатиот успех и за потпишаните договори за стипендирање со АД ЕЛЕМ Охрабрувње до студентите од прва година на електротехничкиот отсек, машинсиот отсек и студиската програма по мехатроника да се пријават на распишаниот конкурс за доделување на нови 5 стипендии од АД ЕЛЕМ. Рокот за аплицирање е до 13.07.2018.