Подружница Плачковица од Виница е дел од шумските стопанства на Македонски шуми - Скопје. Виничкото стопанство стопанисува претежно со шумите на планината Плачковица- нејзинио северен дел и делумно со шумите на планината Голак- нејзинио јужен дел.
Вработените се претежно љубезни во зависност како ги затечеш. Работата си ја вршат лежерно, удобно и во зависност од можностите на „другите“. Народно кажано- ако сакаш да ги добиеш огревните дрва шо си ги порачал и платил на време, треба да се појавеш пред лице на „одговорното“ лице барем десетина пати за да тоа стварно се случе.
Иначе се друго е в'ред: соголеа ги шумите, сопреа ги планинските чешми и извори, затрупаа ги реките и така! :-)