Страница за поделување на мултимедијални информации и информации поврзани со жителите на населбата Кошишта од Охрид
24 мај 2018
За многу години!
For many years!TranslatedКошишта
Да поможит денешен Св. Кирил и Методиј! За многу години!
Нашата традиција за Василица во емисијата “Не бери гајле“!
За многу години! Традицијата вечно да трае!
Како и секоја година традиционално и оваа 2017 во маалото во Кошишта кај домот "Св. Кирил и Методиј"се разгоре василичарскиот оган. Се играа традиционални ора, проследени со музика. Веселата атмосфера беше надополнета со печење колбаси и скара на жар, топол леб, туршија и црвено домашно вино, а се печеа и компири во фолија. Точно на полноќ, минатогодишните кумови на околу 40-тина луѓе им поделија банички со сирење. Среќата што ќе ја следи преку цела година и се насмевна на Славица Довлева, која ја пронајде паричката во својата баничка со што воедно е и нова кума.Паричката која се врти во Кошишта е традиционално истата сребрена паричка со верски православни симболи и порака која се пренесува од година во година.
За многу години Православна Нова година! Нова кума - Славица Довлева! Нека е со среќа!
За многу години 24 мај - денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј! Традиционално како и секоја година и оваа година жителите на Кошишта заедно со КУД Ѓердан свечено ја одбележаа оваа манифестација