Вчера, по повод Денот на аудио -визуелно наследство, пред ученици од средните училишта од Битола, се прикажува проекцијата - Кратки филмови од браќата Манаки. На проекцијата зедоа учество и поголемиот број на средношколци од Државното музичко училиште од Битола
Честитки за нашата ученичка Александра Гическа од III ти клас во класата на проф. Маја Божиновска, која влезе во потесниот круг на финалисти каде има можност за освојување на годишна стипендија од Ohridska Banka Societe Generale. И посакуваме успех.
Од 4ти до 6ти октомври во музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид се одржа првиот семинар по кларинет CLARUS со извонредниот професор Илиан Илиев, каде учество зедоа и ученици од нашето училиште: Мартин Андреевски и Матеј Апостоловски од класата на проф. Горан Трајковски. Уметнички соработник на целиот семинар беше проф. м-р Верица Дивитарова, професор и уметнички соработник од нашето училиште.
Во организација на Педагошкиот факултет од Битола, на 5.10 2018 г. (петок) со тркалезна маса беше одбележан Меѓународниот ден на учителот. Темата на конференцијата беше Образование, уметност, култура и на неа зедоа учество повеќе претставници од битолските градинки, основни и средни училишта. Државното музичко училиште, на тркалезната маса се претстави преку апстракт на тема:"Значењето на уметноста за образованието, општеството и животот" - презентиран од стрaна на училишниот психолог Нина Тасевска. Целокупната разработка на оваа проблематика преку посебен текст, ќе биде објавена во електронски зборник во издание на факултетот во март, 2019 година.
За сите заинтересирани, темата е во прилог како слика.
Вчера, на програмата на Интерфест 2018, имавме можност да го слушнеме лауреатот на 8-миот меѓународен натпреват за пијано: "Интерфест Битола", Иван Трајковски. Уште еден одличен пијанист кој заврши основно и средно музичко училиште во ДМУ-Битола. Се гордееме со него и му посакуваме уште поголеми успеси.
Биографија
...Continue ReadingДенес, 2.10.2018 учениците од трета и дел од втора година заедно со проф. по англиски јазик Јасмина Василевска, го посетија Саемот за волонтеризам организиран од Американското катче-Битола. Десет невладини организации од Битола и регионот ги презентираа волонтерските можности кои ги нудат и ги споделија нивните успешни приказни и проекти. Покрај посетата на штандовите и остварените контакти, учениците имаа прилика да слушнат презентација од американски волонтер за искуството со волонтерски активности во Америка.
Од 27 - 30 септември во Валета, Малта, се одржа конференција организирана од страна на ЕПТА (Европска асоцијација на професори по пијано) на која што учество зедоа и М-р.Проф.Марија Шамоска - Буџаковски и М-р.Проф.Јана Четелева - Белевска, професорки по пијано во ДМУ-Битола. Тие беа поканети на оваа конференција лично од претседалот на Епта - Малта, г-ѓата Евелина Батеу и беа единствени претставници од Р.Македонија. Темата на конференцијата беше "Пијано продиџи" па по самиот наслов се подразбира дека на оваа конференција тие имаа прилика да запознаат деца - продиџи од многу земји во светот и да следат различни методи и обуки од еминентни професори за работа со вакви натпросечно надарени деца.
КОНЦЕРТ!!! Бојан Паскоски - гитара Вечерва 20.09.2018, 18:00 час. ДМУ Концертната сала, стар објект ПОВЕЛЕТЕ!
На 14 и 15.09.2018 г. во Охрид беше одржана завршна обука за Користење на методи за младинска работа и неформално образование, во организација на Конрад Аденауер фондацијата, здружението LEAD, а со поддршка на МОН. Учесници беа претставници од средните училишта од западна Македонија, најчесто стручни соработници, но и наставници, кои работат со млади, а се воедно и координатори на училишните заедници во своите училишта. Претставник од Државното музичко училиште беше училишниот психолог Нина Тасевска, која со своето учество даде придонес во целокупното оживување на постојано актуелната тема – начини на работа со млади. Искуството и дружењето беа прекрасен начин да се надополнат знаењата, вештините, но и можност за добра соработка со другите училишта од регионот.
Во период 08-15 септември, во Ниеборов, Полска, се одржа Еразмус + проект за солидарност стекната преку музика, драма, арт и други уметности. Во истиот проект, учество зедоа две наши ученички од IV клас, Јулијана Деспотовска и Елена Стојчевска, кои достојно го преставија нашето училиште и Р.Македонија. Целокупниот проект заврши со посета на Братислава.
Нашите ученици Елеонора Џоџоска - сопран и Озген Сулејманоски - бас, вечерва достојно го претставија нашето училиште со изведба на традиционален дует на фестивалот TURKSOY во Анкара, Р.Турција. Вечерашниот настап е нивни втор настап. Им преостанува уште утрешниот концерт, па со нетрпение ги очекуваме назад, за да го споделат нивното искуство, стекнати пријателства и убави мигови. Наскоро очекувајте подетални информации од целиот грандиозен настан...
Сабота во 20:00 часот - на концерт!
Традицијата продолжува! Оваа година пречекот на први клас се одржа на Летна сцена, Тумбе кафе. Четврти клас ни приредија пародија на "Звезде гранда", со шестчлено стручно жири, водители и верна публика :)
На вечерашниот концерт имавме можност да ја чуеме Даниела Радевска на виолончело, пијано придружба, проф.м-р Александра Јанковска. Даниела Радевска е родена на 02.11.1998 во Битола. Своето музичко образование го започнува во класата на проф.Панде Тунтевски на 11 годишна возраст. Своето образование го продолжува во Државното музичко училиште во Битола. Моментално е студент на Академијата за музика во Љубљана, Р.Словенија, во класата на проф. Игор Шкерјанец. На концертот имавме можност да слушниме дела од Ј.С.Бах, Б.Марчело, А.Вивалди, Л.М.Шкерјанц и М.Брух.
На сите ученици им посакуваме успешна учебна година!
АУДИЦИЈА!!!
Оваа вечер како дел од програмата на Бит Фест, имаме можност да чуеме концерт за два кларинети и пијано, во изведба на наши воспитаници и професори од нашето училиште. Во Музеј - Битола, од 20:30 часот, ќе настапат Марјан и Игор Бакревски на кларинет и Верица Дивитарова на пијано. Ќе бидат изведени дела од Менделсон, Понкиели и Милошевич.