OУТУ „Ванчо Питошески"-Охрид е средно стручно училиште, лоцирано покрај самиот кеј на Охридското езеро во непосредна близина на "Факултетот за туризам и угостителство", лесно пристапно за учениците, родителите и др. заинтересирани посетители.
Училиштето е формирано со решение бр. 05-80117/1 од 10 септември 1960 година од страна на Народниот одбор на општината Охрид, како стручно угостителско училиште со практична обука.
Како образовна институција училиштето се верифицира со решение бр. 07-691 на 14 јуни 1963 година од страна на Советот за просвета на СР Македонија со задача да подготвува кадри со општопризнат степен на стручно образование во ранг на квалификуван работник во угостителството за занимањето готвач, келнер и портир. Во судскиот регистар под назив стручно угостителско училиште со практична обука е запишано во Окружниот стопански суд во Битола под бр. 82/65 на 11 јануари 1966 година. Во учебната 1961/62 година запишани биле 35 ученици, чие образование траело 2 години. Првите предмети кои се предавале во училиштето биле: послужување, готварство, организација на угостителството со хотелиерство и странски јазик. Во јули 1964 година е предаден во употреба хотелскиот дел на училиштето, кој се користи како ученички дом, а преку летниот период во комерцијални цели.
Тоа беа почетоците, скромни, но со голема верба дека еден ден оваа воспитно-образовна институција ќе игра значајна улога во развојот на туризмот, како во регионот, така и пошироко во државата.
Во училиштето наставата се изведува на македонски јазик.
Трета награда за ученичката Сара Џелили на „50 Детски Рацинови средби“. Младата средношколка во прва година е наградена за нејзината поетска творба „Мојот град – моја инспирација“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски, на литературниот конкурс на јубилејната поетска манифестација „50 Детски Рацинови средби“ во организација на Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и општина Велес. Да се добие ваква висока награда е голема чест и задовол...ство, пишувајќи за својот град, но особено затоа што станува збор за највисока детска поетска манифестација од државен ранг преку која се негува пишаниот збор како и ликот и делото на нашиот писател Кочо Рацин. Учесниците ги посетија и положија букет цвеќе на двата споменика на Кочо Рацин. Преку Возот на мирот сликарот Живко Поповски-Цветин црташе и поклонуваше слики со цвеќиња на мирот. Во Сокачето на поезијата пред Спомен куќата на Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес наградените ученици одржаа Поетско читање, имаше посета на ликовна изложба, а се одржа и грнчарска работилница во Спомен куќата на Рацин.
See MoreЗа книгите не треба да се суди по нивната корица, но за некои може да се суди дури и по првата реченица. Споделете ја со нас првата реченица од вашата омилена книга!
Инфо ден за програмата „Еразмус плус 2014-2020“, како и иницијативите на ЕУ, „Еуропас“ и „Евридика.
Магијата на светките готвачи на едно место. На натпреварот учествуваа учениците Анастасија Чутрова и Кристијан Китанов. 60 врвни мастер шеф судии, околу 300 натпреварувачи, 33 категории поделени во 4 сегменти: приготвување топли и ладни јадења, изложба на торти, подготовка на пица, како и карвинг – уметност на „резбарење” на фигури од овошје и зеленчук.
Почитувани ученици,
Ви благодариме за огромната заинтересираност да аплицирате за обуката.
Сите апликанти се повикани на интервју коешто ќе се одржи на 1.11.2017 година.
...На истиот датум се очекува сите апликанти да бидете присутни пред кабинетот по угостителско послужување во 10:00 часот.
Интервјуто ќе се бодува во вкупниот скор при селекцијата.
See More23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба! Нека е честит и вековит!
Проектот „5 stars service” е финансиски поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на Европската Унија а менаџирана од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Преку проектот се обезбедува учество на ученици од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, од втора, трета и четврта година, угостителско-туристичка струка, кои би биле вклучени во практична обука соодветна на нивниот образовен профил во „Hotel Campanile Cornela“ од Барселона, Шпанија.
Обуката во Шпанија ќе се одржи во периодот од 10 јануари до 31 јануари 2018 година.
Со спроведување хуманитарна акција под мотото „Од децата – за децата“ се одбележа „Неделата на борба против гладта (16-22 октомври)“. Целта е да се поттикне хуманоста кај младите и преку конкретни дела да се покаже солидарноста и грижата за нашите сограѓани. Учениците упатија апел на хуманост во рамките на можностите да се донираат прехранбени продукти кои се со подолг рок на траење (конзервирана храна, тестенини, брашно, средства за лична хигиена…).