Ubavina
Добра храна, убави моменти поминати во друштво и духовно светилиште како манастиро Гаврило Лесновски се привилегија, се на едно место во Лесновскио Конак.
Услугата е добра, храната одлична, услови и простор за расположение колку човек посака, а цените се „туристички“.
На крај сепак се цени задоволството: секој поминат момент и секој денар потрошен у конако си го вредат своето.
После духовно издигнување во просториите на манастиро, човек лесно огладнува.
Ако постои и најмала можност задолжително да се проба храна спремена под вршник. Невиден ќеф!