ПОСВЕТЕНИ НА ВАШИОТ УСПЕХ!
ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје настана како резултат на визијата на нејзините акционери и основачи, кои што ја увидоа потребата од формирање на нов тип на Банка на овие простори. Банка која ќе се издвои од останатите банки на пазарот, преку својата ефикасност, флексибилност, интегрираност, насоченост кон клиентите и разбирање на нивните потреби.
Како производ на оваа визија ЕУРОСТАНДАРД Банка започна со работа на 1 октомври 2001 година во Скопје.