Tags

  • Agriculture

Description

Претпријатието “ BuckWheat “ е основано на 15.01.2015год.Структурата на претпријатието е ДОО , Александар Таневски, дипломиран агроном .Претпријатието ќе произведува брашно од хељда и хељда во зрно. Се работи за чисто органско производство кое е многу ценето на пазарот и во кое ние ја гледаме иднината.Хељдата потекнува од Азија каде што и најмногу се конзумира.
Хељдата ботанички не припаѓа во групата на житни култури,но сепак е вклучена во нив поради сличноста на биолошкиот состав и улогата во исхраната што ја има. Оваа моќна билка е голем извор на витамини.Во себе содржи витамини Б1,Б2,Б3,Б5 и Б6 ,но и витамин П кој има важна улога при намалувањето на крвниот притисок а особено е корисна за децата во развој.Хељдата е богата со растворливи влакна,кои предизвикуваат чувство на ситост,па се препорачува на оние луѓе кои сакаат да ја намалат телесната тежина или да ја зачуваат веќе постојаната телесна тежина.Секој човек може да го консумира нашиот производ.Ги прочистува крвните садови,добра е за дијабетичари како и за луѓе во постинфарктни состојби и по претрпени мозочни удари. Оваа билка уште е наречена и храна за мозокот , бидејќи претставува извор на енергија. Наедно во центарот на вниманието се и луѓето болни од целијакија,кои досега мораа да купуваат скапи и увезени безглутенски производи. Нашиот производ е идеален за спортисти , бидејќи е богат со амино киселини,витамини,минерали,протеини,јаглехидрати и масти кои ги задоволуваат потребите за брзо ослободување на енергија и постигнување на оптималната телесна тежина.
Од тука произлегува и нашето мото “Избери живот,храни се здраво”.
Според планираните активности во првата година ќе оствариме бруто добивка 85.020евра.Напомена за поедноставување на пресметаните вредностите во билансот на успех и состоjба се прикажани во евра.

Location

0 Reviews

No reviews yet. Be the first to add a review.

Rate & Write Reviews